Низа неправилности утврдени од ДЗР за работата на Универзитетската клиника за неврологија

Меѓу другото, ДЗР известува дека биле ангажирани медицинси сестри, болничари и лица на шалтер на договор на дело и не било обезбедно соодветно ниво на транспарентност

-

Државниот завод за ревизија (ДЗР) ги објави конечните ревизорски извештаи на ЈЗУ универзитетска клиника за неврологија за 2023 година. ДЗР изрази неповолно мислење за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и мислење со резерва за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива.

Меѓу конкретните проблеми кои ДЗР ги истакнува е тоа што примените и потрошени лекови за ретки болести од донација не се евидентирани во материјалната и сметководствена евиденција.

Дополнително, во текот на 2023 година биле креирани помалку од законски утврдените термини за вршење здравствени услуги со користење на медицинска опрема преку апликацијата „Мој термин“.

Исто така, биле ангажирани медицински сестри, болничари и шалтерски работници со договор на дело, без согласност на Министерството за финансии.

ДЗР потенцира дека не е обезбедена транспарентност, контрола и следење на активностите и целосна наплата на приходите за Клиниката од клиничките испитувања. Дополнително, во дел од спроведените постапки за јавни набавки била утврдена несоодветна примена на Законот за јавни набавки.

А како системска слабост се потенцира тоа што Националниот систем за материјално-финансиско и сметководствено работење и Централниот систем за регистрација на работното време при Министерството за здравство не се воспоставени во целост.

Целите извештаи може да се прочитаат овде.

Зеленски: Војната во Украина е поблиску до својот крај од што луѓе мислат

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју со „Еј-би-си њуз“ изјави оти смета дека крајот на војна е поблиску од што многумина мислат, пренесува Гардијан. „Мислам дека сме поблиску до мир...