fbpx

Народна банка ja намали основната каматна стапка од 2,25 на два проценти

-

Народна банка одлучи основната каматна стапка да се намали за 0,25 процентни поени, односно од 2,25 на два проценти, информираат од таму.

„Одлуката за намалување на каматната стапка се темели на постојаните поволни движења на девизниот пазар, што доведе до поголем раст на девизните резерви од очекуваниот, што, пак, упатува на отсуство на притисоци во надворешниот сектор и стабилни согледувања на домашните субјекти. Истовремено, тековните движења укажуваат на умерен раст на домашните цени, а со тоа и отсуство на ценовни притисоци“, се вели во соопштението.

Во однос на најновите макроекономски показатели за домашната економија, Комитетот за оперативна монетарна политика на Народна банка оцени дека економскиот раст остварен во првите три квартали од 2019 година, од 3,6 проценти, е во согласност со проекциите за овој период од годината, со очекувањата за поумерен економски раст во последниот квартал од годината.

Кога станува збор за промените кај потрошувачките цени, oстварената просечна годишна стапка на инфлација за целата 2019 година од 0,8 проценти соодветствува со октомвриската проекција, односно е незначително под проектираната стапка од еден процент. Неизвесноста околу движењата на цените на примарните производи на светските берзи и натаму е главниот фактор на ризик за проекцијата на домашната инфлација за следниот период.

„Последните податоци за девизните резерви покажуваат нивен натамошен раст, при поволни движења на девизниот пазар и интервенции со откуп на девизи од страна на Народната банка. Во однос на движењата кај вкупните депозити и вкупните кредити, првичните податоци за декември покажуваат натамошен годишен раст и на депозитите и на кредитите, при што остварувањата не упатуваат на поголеми отстапувања од проекцијата“, се додава во соопштението на Народна банка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...