МЖСПП ја оспособило веб-страницата и делот за податоците за загрозените видови

Фото: Исечок од веб-страницата на МЖСПП за Црвената листа

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) соопшти дека пречките во функционирањето на веб страницата на Министерството се отстранети и со тоа сите информации се повторно достапни на јавноста.

„Мета“ вчера извести дека црвените листи на загрозени видови не може да се најдат на веб-страницата на министерството.

Хакирана веб-страницата на Министерството за животна средина: ги нема црвените листи на загрозени видови

Според министерството, од денеска и информациите за Националните црвени листи за што имаше реакции на јавноста во изминатиот период се видливи се достапни на следниот линк.

Веб-страницата на Министерството за животна средина неколку месеци не функционираше, а објаснувањето од оваа институција е дека бил направен недозволен упад.

„Поради хакерски упад на веб страницата дел од содржините, меѓу кои и Националните црвени листи не се достапни на јавноста. Во моментот се работи на решавање на проблемот, се прават напори истите да се обезбедат и зачуваат и се очекува во текот на идната недела веб страницата да биде комплетно функционална“, информираа од Министерството.