fbpx

Мотивирачки говор на Јанкулоска пред „тигрите“: Патриоти бевте во 2001, патриоти сте и денеска

-

„Вистинските патриоти сте вие, „а не оние кои бараат работни визи во странство, нови возила, компјутери и некакви чадори што би ги заштитиле. Не може да бидат патриоти оние кои наместо од сопствените граѓани, поддршка добиваат од „пријателите“ од надвор“, рекла министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во своето обраќање по повод 34-годишната од формирањето на Единицата за специјални задачи „Тигар“.

Во своето обраќање кон специјалците, Јанкулоска направи паралела меѓу случувањата од 2001 година и тогашната афера „Прислушување“ со сегашната ситуација во која, како што вели министерката, „Македонија е повторно соочена со обид за напад врз институциите“.

„Припадниците на Единицата за специјални задачи се дел од оние кои беа на браникот на татковината во 2001 година, кога нашата земја беше соочена со најголемата закана. Тогаш, на крвавиот судир во кој беа изгубени бројни животи, му претходеше обид за разорување на државните институции. Тогаш беше обелоденета аферата „Прислушување“. Петнаесет години подоцна, Република Македонија повторно е соочена со обид за напад врз институциите. Повторно се соочуваме со обид да биде заложена иднината на Република Македонија за нечиј политички интерес“, подвлекла министерката за внатрешни работи.

Јанкулоска истакнала дека тогаш аферата „Прислушување“ завршила без кривична одговорност, а сега Македонија покажала капацитет и „лажните патриоти се откриени и кривично гонети“.

“Осомничени за шпионажа, незаконско прислушување и за соработка со странски служби, не се и не може да бидат патриоти. Свесни се дека нивната приказна сега не минува кај граѓаните. Свесни се дека само го валкаат поимот патриот, со кој сите се гордееме. Затоа сакам да ви порачам, во 2001 година, патриоти бевте вие и вашите претходници кои ги ризикуваа животите за Македонија, а не тие што ја конструираа аферата со прислушувањето. Денеска, повторно патриоти сте вие, кои застанувате на браникот на татковината“, истакнала Јанкулоска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...