fbpx

Мора да се види оправданоста за новите министерства, реагираат организациите за борба против корупција

Формирањето на три нови министерства и реорганизацијата на системот на државната управа, без претходна длабинска анализа за оправданоста на предлогот, е неприфатливо за Платформата на граѓански организации за борба против корупција

-

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата реагира до Собранието на Република Северна Македонија, за затворениот и неконсултативен процес со засегнатите страни по предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за организација на работата на органите на државна управа. Тие испратиле писмо адресирано до претседстелот на Собранието, Африм Гаши.

Оттаму реагираат што формирањето на три нови министерства и реорганизацијата на системот на државната управа, без претходна длабинска анализа за оправданоста на предлогот, е неприфатливо за Платформата на граѓански организации за борба против корупција.

„Укажуваме дека ова влијае негативно врз соработката и довербата на граѓанското општество со креаторите на јавните политики. Со оваа реакција Платформата останува доследна и на претходното укажување од 2022 година дека реорганизацијата на државната управа е исклучително важен процес, кој мора да почива врз принципите на транспарентност, вклученост и претходна подготовка на граѓаните за системските промени што се иницираат“, наведено е во реакцијата на Платформа на граѓански организации.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Реформистот Пезешкијан победи на изборите во Иран

Пратеникот и поранешниот кардиохирург Масуд Пезешкијан победи во вториот круг од претседателските избори во Иран, пренесува Гардијан. Пезешкијан се има залагано за повеќе слобода околу (не)носењето хиџаб, за отвореност за...