fbpx

„Мирдита, добар дан“: Србија забрани соработка на српските и косовските уметници

„Непријателот на државата не е ниту еден фестивал, туку хулиганите на чија страна државата застанала и заради која одбила да постапува според сопствените должности, а основна должност на државата е да обезбеди слободи и права гарантирани со закони и соодветно да се санкционираат сите оние кои ги организираат слободите и правата на граѓаните или ги нарушуваат“, додаваат од иницијативата

-

Младинската иницијатива за човекови права во Србија вчера соопшти дека добила известување од тамошното Министерство за внатрешни работи оти се забранува фестивалот во нивна организација „Мирдита, добар дан“.

Забраната за фестивалот, како што велат од таму, била објавена во форма на наредба и во неа се барало да бидат прекинати сите активности кои се дел од настанот.

„Со оваа наредба, Министерството за внатрешни работи го прекрши Уставот на Србија, поточно слободата на изразување и слободата на собирање, како и низа закони, меѓу кои најмалку два члена од Законот за јавно собирање поради примена на непропорционални мерки. Да се ​​стави товарот на организаторите наместо да се справува со насилниците и да не се обезбеди собирот е спротивно на правниот и уставниот поредок на Република Србија, како и на стандардите и практиката на Европскиот суд за човекови права“, се вели во реакцијата на Младинската иницијатива за човекови права.

Немирите околу фестивалот започнале откако културниот простор „Дорќол Плац“, каде бил планиран почетокот на фестивалот, бил окупиран од „хулигански и неонацистички групи“. На надворешните ѕидови од објектот биле испишани заканувачки и шовинистички пораки кон гостите на фестивалот.

Околу 150 хулигани вчера го прекинале сообраќајот на улицата Добрачина во Белград и го блокирале влезот на „Дорќол Плац“ за да не влезе ниту еден од гостите и организаторите на фестивалот.

Организаторите реагираат дека имало недоволен број присутни припадници на српското МВР.

Од иницијативата велат дека одговорни за состојбите во јавноста и оние кои предизвикале омраза, нетрпеливост и поттикнување непријателства се министрите за култура и за семејна грижа и демографија, вицепремиерот на Србија – Александар Вулин, белградскиот градоначалник Александар Шапиќ и министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ.

„Непријателот на државата не е ниту еден фестивал, туку хулиганите на чија страна државата застанала и заради која одбила да постапува според сопствените должности, а основна должност на државата е да обезбеди слободи и права гарантирани со закони и соодветно да се санкционираат сите оние кои ги организираат слободите и правата на граѓаните или ги нарушуваат“, додаваат од иницијативата.

Од таму велат дека, при известувањето за забраната, на организаторите им било наредено сите учесници да ја напуштат Србија. Автобус со учесниците бил запрен на Бубањ Поток, при што им бил забранет влез во Белград, а на организаторите им било наредено да го вратат автобусот на Косово во придружба на полиција, што било направено околу 14 часот и 30 минути.

„Оваа забрана претставува кршење на слободата на собирање, слободата на движење и изразување, но и крај на сите илузии дека оваа влада се грижи за мирно решение на косовското прашање, како и за крај на европската интеграција на Србија“, велат од Младинската иницијатива за човекови права.

Младинската иницијатива изразува загриженост за „состојбите во општеството во кое насилството, омразата и нетрпеливоста се модел на однесување кој функционерите и институциите не го препознаваат како контроверзен“.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Животна приказна за американскиот бизнисмен Фигерс, претставена како да е од С. Македонија

Објавата е манипулативна и не остава впечаток дека говори за животот на познатиот американски бизнисмен Фреди Фигерс. Истата е конструирана на таков начин што делува како да пренесува приказна...