fbpx

Мигрантите не се мнозинство во Лондон, Брисел и Амстердам

Наспроти изнесеното во говорот на холандската коментаторка, Ева Влардингербрук, одржан на конференција на конзервативци, официјалните податоци покажуваат дека процентот на мигранти кои живеат во Лондон, Брисел, Амстердам, Ротердам и Хаг е под 50 проценти

-

Наспроти изнесеното во говорот на холандската коментаторка, Ева Влардингербрук, одржан на конференција на конзервативци, официјалните податоци покажуваат дека процентот на мигранти кои живеат во Лондон, Брисел, Амстердам, Ротердам и Хаг е под 50 проценти, пишува Вистиномер. 

Текстот го пренесуваме интегрално:

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео во кое зборува холандската коментаторка Ева Влардингербрук. Во коментарите под видеото се оставаат евроскептични коментари на македонски јазик, а самото видео е прегледано над 1.500 пати до денот на пишувањето на оваа рецензија. Она што Влардингербрук го кажува во својот говор е дека мигрантите се во поголем број отколку домашното население во Лондон, Брисел, Амстердам и два други поголеми градови во Холандија. Но, ова не е вистина.

Проверувачите на факти на Ројтерс пишуваат дека истиот видеоматеријал е прегледан над 55 милиони пати на социјалната мрежа Икс и дека е широко распространет на Фејсбук до публика од други држави.
Влардингербрук зборува на конференција на конзервативци во Унгарија на 25 април годинава и тврди дека популацијата во Брисел Белгија, е составена од 70 проценти мигранти. Таа додава дека во холандските градови Ротердам, Хаг и Амстердам има 60 проценти, 58 проценти и 56 проценти мигранти. За главниот град на Британија Лондон таа изнесува бројка од 54 проценти мигранти.
И секако, најголемиот дел од овие имигранти доаѓаат од нехристијански, незападни африкански и средноисточни земји. Заклучокот е дека холандското население веќе е малцинско во најголемиот дел од нашите градови. Така што ќе го извлечам забранетиот заклучок. Теоријата за големата замена не е повеќе теорија туку реалност, вели таа во видеото.
Како што пишува Ројтерс во својот експлејнер, теоријата за големата замена е теорија на заговор, честопати користена од крајно десничарските групи, за да сугерираат дека белата популација намерно е заменета со неевропски имигранти. Таа го поттикнува верувањето дека левичарската и еврејската елита  проектираат етничка и културна замена на белото население со небели имигранти што ќе доведе до „бел геноцид“.
Но, официјалните податоци покажуваат дека мигрантите не се повеќе отколку домашното население во ниеден од европските градови што ги споменува Влардингербрук. Во Амстердам, луѓето кои живеат во градот, ама се родени надвор, или се мигранти, сочинуваат 37,1 процент од популацијата на Амстердам во 2023 година, според Агенцијата за статистика на Холандија.
Во Хаг процентот на истите е 37,3 а во Ротердам 32,3 проценти, пишуваат проверувачите на Ројтерс.
Проверувачите на факти на Ројтерс контактирале со портпаролог на Агенцијата за статистика на Холандија кој го дал објаснувањето зошто бројките изнесени од страна на Влардингербрук се неточни.
Објавата е неточна затоа што во бројките ги вклучува и оние кои се втора генерација мигранти, односно ги вклучува и луѓето родени во Холандија кои имаат родители што доаѓаат од странство, вели портпаролот на Агенцијата за статистика на Холандија за Ројтерс.
Во Брисел, луѓето што живеат во државата, но се родени надвор од неа сочинуваат 47,9 проценти од популацијата на главниот град на Белгија до 1 јануари 2023 година, според податоците на Статбел (канцеларијата за статистика на Белгија). Од вкупно 594,424 мигранти во градот, половината се од други европски држави освен Белгија, 185,252 биле родени во Африка, а 80,428 во Азија.
Пописот во 2021 година покажа дека 40,6 проценти од популацијата на Лондон не е родена во Велика Британија, според нивната канцеларија за национална статистикапишува Ројтерс.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина. Пропорцијата на мигранти во Лондон, Брисел, Амстердам, Ротердам и Хаг е под 50 проценти според официјалните податоци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Кинеското влијание во С. Македонија се зголемува, се користат разни пропагандистички механизми

И покрај тоа што Кина е далеку од Северна Македонија, таа е присутна во земјава, нејзиното влијание го има, можеби дури и тивко преку разни економски, дипломатски, културни, медиумски...