fbpx

Мета факт: Пецаков не набави пловен објект за чистење на Охридско Езеро

За Мета.мк од кабинетот велат дека предизборната програма на градоначалникот Кирил Пецаков се реализира согласно однапред предвидена динамика, но дека проектот за набавка на пловен објект за чистење на езерото не е реализиран

-

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, во својата предизборна програма пред локалните избори од 2021 година, насловена како „За Охрид гарантираме, создади нова иднина“, вети дека ќе биде набавен специјален пловен објект, наменет за чистење на отпадоците во Охридско Езеро.

Ветувањето е наведено во секцијата за заштита од климатски промени и животна средина, каде што пишува дека „квалитетно изработената урбанистичко-планска документација овозможува заштита и унапредување на животната средина, а пак уредувањето на просторот и неговото планирање во дослух со граѓаните креира пософистициран лик на Општината и овозможува правилно просторно искористување“.

На 26 страна, пишува дека со овој проект ги потврдуваат напорите за чист град особено бидејќи Охрид и Охридското Езро се под заштита на УНЕСКО и претставуваат светско културно богатство. Во програмата е наведено:

„Управувањето со отпадот е сериозен проблем и затоа набавката на специјален пловен објект наменет за чистење на Охридското Езеро од отпадоци се наметнува како неопходност и наш приоритет.

Според одговорите кои ги добивме од кабинетот на градоначалникот, заклучуваме дека ветувањето е неисполнето.

За Мета.мк од кабинетот велат дека предизборната програма на градоначалникот Кирил Пецаков се реализира согласно однапред предвидена динамика, но дека проектот за набавка на пловен објект за чистење на езерото не е реализиран.

Сепак, велат дека истиот ќе се реализира до крајот на мандатот, што значи до наредната година.

„Посочениот проект сè уште не е реализиран, а согласно динамиката на реализација се очекува до крајот на градоначалничкиот мандат да биде реализиран,“ уверуваат оттаму.

Додаваат и дека до крајот на мандатот на градоначалникот Киро Пецаков се очекува висок процент на реализација на програмата.

Според сето горенаведеното, заклучуваме дека ова ветување сè уште не е исполнето.

 

ИЗВОРИ:

Предизборна пограма на кандидат за градоначалник на општина Охрид, Кирил Пецаков;

Официјален одговор на новинарски прашања од општина Охрид, 19.06.2024 година

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Седмоодделенците ќе учат од старите учебници, нови ќе се печатат в година

По неколкудневни разговори Министерството за образование и наука (MOН) и Бирото за развој на образованието (БРО) изнајдоа решение за непречена договорено е учениците од седмо одделение од 1 септември...