fbpx

Лога преку писмо се пожали до Брисел и Вашингтон за најавите за распуштање на Судскиот и Советот на јавни обвинители

Министерот за правда во техничката влада Кренар Лога испратил писмо до дел од амбасадорите во земјава, но и до официјален Брисел и Вашингтон во кое ја изразува својата загриженост за најавата на ВМРО-ДПМНЕ која партијата ја даде уште пред изборите, дека ќе ги распушти Судскиот совет и Советот на јавни обвинители

-

Министерот за правда во техничката влада Кренар Лога испратил писмо до дел од амбасадорите во земјава, но и до официјален Брисел и Вашингтон, во кое ја изразува својата загриженост за најавата на ВМРО-ДПМНЕ која партијата ја даде уште пред изборите, дека ќе ги распушти Судскиот совет и Советот на јавни обвинители.

Во писмото до амбасадорите, Лога вели дека за него и за Министерството за правда распуштањето на овие тела е неприфатливо, не заради одбрана на поединци кои се дел од нив, туку, како што вели, за независноста и непристрасноста на институциите за што е добиен извештај од Оценската мисија во кој е наведено што треба да се преземе од страна на органите на државата за подобрување на состојбите во судството.

„Иако како министер за правда минатата година кога се случија настаните во Судскиот совет, јавно излегов со став за престанок на мандатот на членовите за кој не добив поддршка од коалиционите партнери ниту од опозициските партии, а исто така и по одржани консултации со Ваши претставници, ми беше сугерирано дека Оценската мисија ќе ја скенира состојбата во Судскиот совет и ќе даде препораки за надминување на состојбите, за што добивме и извештај. Препораките од извештајот со особено внимание беа разгледани од највисоките претставници на правосудната, академската и стручната фела, како и граѓанскиот сектор и останатите засегнати страни. Дотолку повеќе што овие препораки се дел од најзначајните документи како Стратегијата за развој на правосудниот сектор, Патоказот за владеење на правото, како и Планот за раст. Дополнително, беше формирана работна група за законски реформи на Судскиот совет каде во повеќе наврати беа поканети претставници на тогашната опозициска партија и сегашен носител на владејачкото мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ, на што не добивме повратен одговор“, пишува, меѓу другото, министерот за правда Кренар Лога во писмото до странските амбасадори.

Оценувајќи ги за избрзани и опасни, Лога во писмото вели дека најавите за распуштање на овие две тела ќе доведе до концентрација на моќ на трите власти кај една партија што, како што додава, ќе значи пресликување на состојбите од пред 2017 година, кои довеле до заробена држава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Партизацијата продолжува – „свои“ луѓе на чело на институциите под превезот на в.д. директори

Продолжува практиката на именувањето вршители на должност како директори во јавните претпријатија. Со смената на власта и доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, како лавина почна именување на нови в.д....