fbpx

Ковачевски за Водици: Да се обединиме во стремежите за мир и просперитет

-

Премиерот Димитар Ковачевски упати писмо во кое го честита големиот христијански празник Богојавление – Водици, на поглаварот на Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски, г.г. Стефан, на Светиот архиерејски Синод, на свештенството и монаштвото на МПЦ – ОА и на сите верници кои денеска го чествуваат празникот.

„Симболиката на вековното празнување на Богојавление – Водици во Црквата и во народната традиција, што потсетува на Исусовото крштевање во реката Јордан, има длабоко и суштинско значење, бидејќи упатува на обновата како на неминовен дел од духовниот развој на личноста, но и на заедницата.

Денес, заедничко добро е да се осигура мирот и да се обезбедат егзистенцијата и просперитетот со разбирањето, грижата едни за други и со заедничка поддршка на развојот, како предизвик и обврска на секој совесен човек и повикани сме сите кон оваа цел да ги вложиме и обединиме нашите стремежи.

Нека е честит и вековит големиот христијански празник, Богојавление – Водици“, напиша во писмото до поглаварот на МПЦ – ОА, г.г. Стефан, премиерот Димитар Ковачевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.