Кина и САД предничат во трката за патенти за генеративна вештачка интелигенција

Патентите за слики и видео доминираа (17.996), над оние за текст (13.494) и говор или музика (13.480)

Фото: Hitesh Choudhary on Unsplash

Според Извештајот на агенцијата за патенти, помеѓу 2014 и 2023 година, повеќе од 38.000 патенти со GenAI (генеративна вештачка интелигеција) излегле од Кина, многу повеќе од оние поднесени од пронаоѓачите во САД, кои се на второ место. Сепак, најпопуларнитеалатки врз база на генеративна вештачка интелигенција се произведени од американски компании, како Опен АИ и Гугл.

Генеративната вештачка интелигенција им овозможува на корисниците да креираат содржини вклучувајќи текст, слики, музика или софтверски код, напојувајќи низа индустриски и потрошувачки производи, вклучувајќи чет-ботови како што се Чет-ГПТ, Гемини на Гугл или Ерни на Баиду.

„Генеративната вештачка интелигенција се појави како технологија што прави големи промени во светот со потенцијал да го трансформира начинот на кој работиме, живееме и играме“, изјави Дарен Танг, генерален директор на СОИС (Светска организација за интелектуална сопственост).

Шефот на СОИС додаде дека „со анализира на трендовите и податоците за патентирање, агенцијата се надева дека ќе им даде на сите подобро разбирање за тоа каде се развива оваа технологија што брзо се развива и каде се движи.”

Според извештајот, патентите на генеративна вештачка интелигенција во моментов претставуваат 6 отсто од сите патенти за вештачка интелигенција на глобално ниво.

Во првите десет фирми кои работат на овие софтвери се Tencent (2.074 пронајдоци), Ping An Insurance (1.564), Baidu (1.234), Кинеската академија на науките (607), IBM (601), Alibaba Group (571), Samsung Electronics (468), Alphabet ( 443), ByteDance (418) и Microsoft (377).

Во однос на локацијата, во Кина има (38.210 патенти) во САД (6.276 патенти), Република Кореја (4.155), Јапонија (3.409) и Индија (1.350).

Патентите за слики и видео доминираа (17.996), над оние за текст (13.494) и говор или музика (13.480).