„КЕМЕТ Eлектроникс“ инвестира во централа за производство на чиста и обновлива енергија

Покрај зголемување на енергетската ефикасност, новата соларна централа ќе овозможува и намалување на емисиите на јаглероден диоксид, 600 тони годишно, соопштуваат од компанијата

-

Компанијата „КЕМЕТ Eлектроникс Македонија“ инвестираше 400.000 евра во изградба на фотоволтаична (соларна) централа со инсталирана моќност од 609 KWp, соопштија од компанијата. Централата ќе произведува приближно 750 MWh електрична енергија годишно, со што околу 10 отсто од вкупната потрошувачка на електрична енергија на компанијата се заменува со чиста, обновлива енергија добиена од сончеви зраци.

Покрај зголемување на енергетската ефикасност, новата соларна централа, според КЕМЕТ, ќе овозможува и намалување на емисиите на јаглероден диоксид – 600 тони годишно. Во новата соларна централа се вградени 1100 најсовремени фотоволтаични панели, распоредени на површина од 4500m².

ФОТО: КЕМЕТ Eлектроникс Македонија

„Оваа инвестиција во обновлив извор на енергија е дел од нашата долгорочна стратегија за одржлив развој. Новата соларна централа овозможува оптимизација на производните трошоци, со што се зголемува нашата целокупна конкурентност, но истовремено се придонесува и за заштита на животната средина, правејќи ги инвестициите од ваков тип особено значајни. И во иднина ќе продолжиме со интензивните вложувања кои треба да креираат дополнителна вредност за нашата компанија, за групацијата на која ѝ припаѓаме, на нашите вработени и секако за локалната заедница и целокупната домашна економија“, изјави Франческо Татоли, заменик-директор на КЕМЕТ Електроникс Македонија.

КЕМЕТ Електроникс Македонија започна со работа во 2012 година, а главната дејност на компанијата е производство на електрични кондензатори и други делови кои се применуваат во повеќе индустрии.

Марио Спасевски
Марио Спасевски
Новинар, Поткастер, Туризолог, Надреалист, Гејминг Гуру, Авантурист, Патник низ времето

Тони Лазов освои сребрен медал на Шаховската олимпијада во Будимпешта

Тони Лазов освои сребрен медал за Северна Македонија на втората табла на 45. Шаховска oлимпијада во Будимпешта, како претставник на Шаховскиот клуб Алкалоид. Лазов, кој е актуелен шаховски шампион во...