fbpx

Како течеше образовната сага: настани и датуми

-

Денеска претставници на студентите и на професорите се на средба со претседателот Ѓорге Иванов.

„Професорски пленум“ се надева дека претседателот може да ја спаси ситуацијата бидејќи тој има можност да стави вето на законските измени.

  • За два дена измените на законите за образование ќе бидат на пленарна седница и пратениците ќе можат да ги усвојат или, пак, да ги послушаат студентите и професорите и да не гласаат за нив.
  • Студентите и професорите најавија бојкот на наставата ако спорните измени не се повлечат.
  • Сагата околу реформите во образованието почна со неколку студенти кои сакаа и имаа храброст да се борат за своите права и го формираа „Студентски пленум“ кон кој се приклучија многу други.
  • На првиот протест што го организираше „Студентски пленум “ се собраа илјадници студенти. Тие бараа Владата да не воведува државен испит.
  • Вториот протест на студентите се одржа на 10 декември. На овој протест се собраа околу 10.000 студенти и грѓани кои протестираа против воведувањето на државниот испит.
  • Само неколку дена по вториот протест на студентите, во недела, на 14 декември, министерот за образование и неговиот заменик, Абдилаќим Адеми и Спиро Ристоски, на прес-конференција кажаа дека Владата на седницата која се одржала во саботата донела пакет мерки за реформи во образованието. Во овие мерки беа вклучени нов закон за академија за наставници, нов закон за наставници во основните и во средните училишта, измени и дополнувања на Законот за високо образование, нов закон за високообразовните установи за образование на наставен кадар во предучилишно, основно и во средно образование, односно за педагошки факултети и предлог-закон за обука и испит на директор за основно и за средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење.
  • Неколку дена откако Владата ги промовираше реформите во образованието, неколку професори одлучија да формираат „Професорски пленум“.
  • Предложените законски измени во целата област на образованието, пратениците првпат ги разгледуваа на Собраниската комисија за образование на 26 декември.
  • Во истиот период додека пратениците ги усвојуваа заклучоците на собраниската комисија, студентскиот и професорскиот пленум заедно протестираа да се повлечат законите и да се овозможи јавна дебата за сите мерки.
  • Ни овој протест немаше многу ефект, па предложените измени се донесоа со ниту еден против или воздржан.
  • Наредниот собир на професорите и на студентите беше пред Собранието на 29 декември, кога новите мерки го поминаа првото читање на пленарна седница. Тогаш професорите на пратениците во Собрание им однесоа писмо со апел да не ги гласаат измените во образованието, затоа што со тоа помагаат да се поткопа автономијата на универзитетите и да се влоши и онака лошата состојба во образованието.
  • Законите го минаа првото читање.
  • Втората комисиска расправа се одржа на осми јануари и траеше до три часот по полноќ.
  • Законите се пратени на второ читање, кое ќе се одржи на пленарна седница в среда.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...