fbpx

И професорите поддржувачи на државниот испит бараат средба со Иванов

-

Професорите од Граѓанската иницијатива за поддршка на реформите во високото образование бараат прием кај претседателот Ѓорге Иванов, откако „Професорски пленум“ и „Студентски пленум“ договорија средба со претседателот денеска попладне.

„Како членови на Иницијативниот одбор на Граѓанската иницијатива за поддршка на знаењето во високото образование, Ви доставуваме барање за прием за подетално запознавање со нашите досегашни активности, како и за целосно информирање за ставовите и за мислењата на професорите кои се дел од Граѓанската иницијатива, а во врска со усвоените измени и дополнувања на Законот за високото образование“, се вели во писмото доставено до Иванов.

Во писмото, професорите велат дека се свесни дека високото образование во нашата земја мора да ги следи европските и светските трендови и практики за квалитет, да биде компатибилно со новите знаења подготвени за соочување со глобалните образовни предизвици, за создавање енергија и мотивирачка сила која ќе ја движи Република Македонија напред во економска, политичка и во општествена смисла.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...