Јанева го испитува работењето на Општина Битола, а не само наводите од „бомбата“

-

Специјалното јавно обвинителство ги презело сите предмети отворени во врска со работата на Општина Битола и на градоначалникот Владимир Талески, што претходно ги истражуваше Основното јавно обвинителство од Битола. Извори од Обвинителството во Битола потврдуваат дека во рацете на Катица Јанева не е само „бомбата“ на опозицијата со бесплатниот школски превоз, туку сè што било ставено под знак прашалник во работата на локалната власт.

Во врска со овие информации, од кабинетот на специјалната обвинителка за „Мета“ велат дека поради тајноста на постапката не можат да кажат што сè е предмет на истрага.

„Во тек е предистражна постапка за предметот за кој прашувате и со оглед дека предистражната постапка во согласност со Законот за кривична постапка (ЗКП) е тајна, во овој момент не сме во можност да ви сооштиме што сè е предмет на истражување. Секако, штом ќе постои законска можност, благовремено ќе бидете известени за прашањата за кои изразивте интерес“, стои во одговорот од Специјалното јавно обвинителство на нашето прашање: „Дали Специјалното јавно обвинителство води истрага само за наводите од прислушуваните разговори за бесплатниот школски превоз или има отворено постапка и за други сомнителни случаи што произлегуваат од работата на Општината Битола и на градоначалникот Владимир Талески?“.

Од битолското јавно обвинителство за „Мета“ потврдуваат дека севкупното работење на Општина Битола е префрлено во рацете на Специјалното јавно обвинителство, вкулучувајќи ја одлуката за подигнување на кредитот од 2,5 милиони евра за инфраструктура во поранешната касарна, зонското паркирање, изградба на мостови и на улици како проекти на Општината.

– Основното јавно обвинителство во Битола отвори предмет за севкупното работење со средствата на Општина Битола, па оттаму и Специјалното јавно обвинителство ги презеде сите наши дејства. Не би било во ред да се работи само на делот со школскиот превоз споменат во една од „бомбите“. Работата на Општината е поврзана и не може да се разгледува парцијално – вели извор од битолското обвинителство за „Мета“.

Советници од опозицијата во Битола биле повикани на распрашување во Основното јавно обвинителство во Битола, околу работата на локалната власт и одлуките на Советот на општина Битола.

– Нè повикаа нас, советници кои бевме избрани во неколку мандати во Советот на Општината и кои потемелно ја познавме работата на локалната самоуправа. Нè испрашуваа за проектите одобрени од Советот, за тоа колку пари се извојувале и за тоа дали сè што работи градоначалникот е покриено со одлуки на Советот или, пак, дел од проектите се сработени без амин на Советот. Ние си кажавме што мислиме. Прашањата беа детални за многу работи што се направени во Општината, од кружните текови, мостовите, касарната – вели еден од испрашуваните советници.

Не добивме потврда дали на распит во обвинителство биле повикувани и советници од владејачкото мнозинство.

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата македонска култура. Прославата...

Родители на загинатите млади во Кочани бараат одговорност и обвинуваат за притисоци

Родители на загинатите млади во трагичниот настан во Кочани вчера на протестен собир побараа одговорност од институциите и обвинија дека се соочуваат со притисоци и закани за апсење. На протестот, една од...

Во судар на мотор и електричен тротинет загина 16-годишно момче

Денеслк во раните утрински часови, во близина на трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје, се случи трагична сообраќајна несреќа во која загина 16-годишен возач на мотоцикл. Извршен е увид од страна на...

Бегство во иднината

Емиграцијата на младите луѓе не претставува проблем само за општеството во Црна Гора, туку и за други места во регионот. Има многу студенти од други балкански земји со слична приказна. Кристијан...

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата...