fbpx

Израелската армија навлегува во целата Газа, наредена евакуација на цивилите

Израелската армија полека напредува кон југ, додека хуманитарните организации продолжуваат да алармираат дека жителите на Газа бегаат од своите домови

-

По прекинот на примирјето меѓу Израел и терористичката организација Хамас во петокот и продолжувањето на борбените дејствија, израелската армија соопшти денеска дека навлегува копнено на целата територија на Газа. Истовремено, упати апел за евакуација на цивилите од отприлика 20 подрачја на палестинската енклава.

Израелската армија полека напредува кон југ, додека хуманитарните организации продолжуваат да алармираат дека жителите на Газа бегаат од своите домови.

Од високи позиции на САД стигнаа повторувања на ставот дека Израел има право да се брани, но се потенцира дека израелските војници мора да ги заштитат цивилите.

Непријателствата меѓу Израел и Хамас ескалираа по серијата терористички напади во Израел на 7 октомври во коишто околу 1.200 жители на Израел ги загубија животите, а околу 240 беа земени како заложници и однесени во Газа. Од почетокот на судирите, според Министерството за здравство на Газа, водено од Хамас, околу 15.500 жители на палестинската енклава ги загубиле животите. Од нив, околу 6.000 се деца.

Во утринската акција најмалку тројца припадници на вооружените сили на Израел загинале утрово, со што бројот на воени загуби на израелската држава се искачи на 75.

На југот на Газа продолжуваат бомбардирањата, а од болница во местото Хан Јунис велат дека капацитетите се преполнети со повредени цивили.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...