fbpx

Изложба на пастели со мотиви од Вевчани и од Охрид на сликарот Славко Упевче

-

Во рамките на познатата манифестација „Вевчански карневал“, кој ќе се одржи од 11 до 18 јануари, и „Печалбарските денови во Вевчани“, самостојна изложба на пастели со мотиви од Вевчани и од Охрид ќе има академскиот сликар Славко Упевче.

Изложбата ќе биде отворена утре напладне, како дел од нововостановената Вевчанска академија на убави уметности.

Славко Упевче своето ликовно уметничко деби го имаше со самостојна изложба во 1969 година, а досега изложувал речиси 40 пати.

Покрај Охрид, тој досега изложувал во повеќе градови во Македонија, Хрватска, Словенија, Србија и во САД, а учествувал и на повеќе групни изложби и колонии во земјава и во странство. Тој беше единствениот ликовен уметник од Македонија што ја претставуваше земјава на Светската олимпијада за култура во Хрватска.

Најголемиот европски фестивал на сатирата, „Вевчански карневал 2016“, утре ќе ги пречека своите гости, кои ќе уживаат на најстарата карневалска традиција со уникатни маски, архаичност, таинственост и целосна непредвидливост на креативниот дух.

Дел од „Вевчански карневал 2016“ ќе биде и посебната музичка програма, на 12 и на 13 јануари, организирана по повод дочекот на Стара нова година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...