Изложба на графики, цртежи и керамика од Пабло Пикасо во Дом на културата „Ѓорче Петров“

Галеријата „Остен“ од Скопје организира несекојдневна изложба за граѓаните на Скопје – керамики, цртежи и графики од Пабло Пикасо.

Делата кои се сопственот на Музејот на цртеж „Остен“, ќе бидат изложени во Домот на културата во Ѓорче Петров само еден ден – 20 октомври, среда, од 12 до 22 часот. Официјалното отворање на изложбата ќе се одржи во 19 часот.

Во колекцијата на Музејот на цртеж „Остен“ се наоѓаат 83 оригинални дела на Пабло Пикасо, од кои 8 цртежи, 26 керамики, а другите рачно потпишани графики. Само дел од нив ќе бидат изложени во Домот на културата во Ѓорче Петров.

Оваа изложба е од исклучително значење и затоа што се организира по втор пат во Скопје – првата била во 2011 година во галеријата „Остен“