„Ова е идеално време за читање бидејќи единствено книгата (во овие услови) може да нè однесе во возбудлива авантура на непозната дестинација. Читањето е одличен начин полесно да се поднесе времето поминато во изолација и затоа идејата на овој саем е да ги направиме книгите што подостапни за сите – по намалени цени, и тоа од удобноста и сигурноста на своите домови“, велат од издавачката куќа „Антолог“.

Тие го организираат првиот онлајн саем во земјава, бидејќи поради условите во моментот, традиционалниот саем на книгата е откажан.

Книгите може да се нарачаат по саемски цени преку нивната веб-страница, а сите нарачни книги на читателите ќе им бидат доставени на домашна адреса.

Освен овие, од „Антолог“ информираат дека предивдени се и други активности, како „карантински муабети“, видеорецензии, онлајн промоции, работилници за деца и слично. Достапни се над 300 наслови со попуст до 75 отсто, а за читателите понудени се и пакети со различни цени.