Изабела Јакимова, „Младите на Една може“ и „Гоу Грин“ се добитници на Наградата за младинско учество

фото: НМСМ / Инстаграм

Познати се добитниците на Наградата за младинско учество која ја доделува Агенцијата за млади и спорт (АМС) во соработка со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ).

Годинава, наградата во индивидуална категорија ја доби актерката Изабела Јакимова. Неформалната група на млади „Младите на Една може“ (One Can Youth) победија во категоријата на неформални групи на млади, додека здружението „Гоу Грин“ (Go Green) ја доби наградата во категоријата на младински организации, организации за млади и младински чадор организации.

Наградата за младинско учество има за цел да го препознае и валоризира трудот на младите при адресирање на различни општествени прашања.

Доделувањето на Наградата, по повод Меѓународниот ден на младите, ќе се одржи во Кабинетот на претседателот, вечерва, со почеток во 19 часот. Наградата во трите категории ќе ја врачат Наумче Мојсовски, директор на АМС и Марија Крстевска, претседателка на НМСМ.