fbpx

Исламистите потврдија дека го убиле Салопек

-

Исламска држава денеска објави аудиопорака во која се тврди дека борците од нејзиното египетско крило го убиле Хрватот Томислав Салопек.

Снимката е емитувана eден ден откако на интернет е поставена фотографија од обезглавеното тело, тврдејќи дека станува збор за хрватскиот граѓанин.

– Во покраината Синај, војниците на калифатот го убија хрватскиот заложник, чијашто држава учествуваше во војната против Исламска држава. Истече ултиматумот, а и египетската и неговата влада го напуштија – се вели во официјалната објава на Исламска држава.

Египетското министерство за надворешни работи соопшти дека силите за безбедност „сè уште намаат потврдена информација“ за погубување на хрватскиот граѓанин.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Мајска сесија – Дојди да се преслушаме“ утре во 20 часот на платото на УКИМ

„Фанк шуи“, „Пијан славеј“, Дина Јашари, „Сетстат“ и Марија Каева и „Ретро кабаре“, се бендовите кои утре ќе настапат на платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 20...