Исклучителниот мајстор на уд, Марсел Калифе утре во Филхармонија

Извор: Национална филхармонија

Утре, со почеток во 20 часот оркестарот на Филхармонија ќе го одржи концертот насловен „Звукот на ориентот“ на кој ќе настапи композиторот и вокалист, умешниот музичар на уд, Марсел Калифе од Либан.

Програмата е предвидена со авторски дела на Калифе, а концертот ќе го води маестро Лубнан Балбаки од Либан. Ќе настапи и хорот „ПроАрс“.

Марсел Калифе е професионалец на уд (арапска лаута), дипломирал на Националниот конзерваториум за музика во Бејрут. Тој вдахнува нов живот на овој специфичен инструмент. Традиционалното свирење на уд било ограничено од строгите изведувачки техники кои го одредувале начинот на свирење.

Досега тој има остварено далекусежно музичко патување со настапи во Арапските земји, Европа, САД, Канада, Јужна Америја, Австралија и Јапонија. Автор е на повеќе вокално – инструментални композиции, а неговото дуо за уд и контрабас, било наградено од престижната „Charles Cros Academy“ во Франција во 2017 година. Неговите дела се критички позитивно оценети од Арапскиот свет, но и насекаде низ светот.

Неговата креативност, иновативност, образовни и хуманитарни залагања, како и придонесот за промоција на културата и уметноста во Арапскиот свет се причина поради која добил бројни награди во арапскиот свет и на меѓународно ниво. Во 2005 година Марсел Калифе бил назначен за Уметник за мирот на УНЕСКО за неговите уметнички достигнувања и за својот хуманитарен придонес. Во 2008 година Калифе го основал Катарскиот филхармониски оркестар, каде работи како музички директор и резиденцијален композитор.

Диригент на концертот „Звукот на ориентот“ ќе биде Лубнан Балбаки е роден во 1981 година во Бејрут и е најмладиот редовен диригент во Либанскиот Филхармониски Оркестар. Во 2013 година е назначен за редовен диригент на Либанскиот филхармониски оркестар и го основал Националниот младински оркестар. Откако ја започнал својата музичка кариера, Балбаки работи како музички советник и шеф диригент со Маџида ел Руми и Марсел Калифе.