fbpx

Груевски ја посети Спомен-куќата на Мајка Тереза во Калкута

-

Премиерот Никола Груевски ја посети Спомен-куќата на Мајка Тереза во Калкута, Индија, каде што таа живеела и дејствувала, а каде се наоѓа нејзиното вечно почивалиште.

Тој им се заблагодари на мисионерите за гостопримството, притоа истакнувајќи дека Мајка Тереза е родена во Скопје и оти таа е една од најсилните врски со Индија.

Во чест на нејзиното дело и во центарот на Скопје е изградена Спомен-куќа. Локацијата не е случајно избрана бидејќи на тоа место порано се наоѓала црквата во која Мајка Тереза е крстена. Во Спомен-куќата се изложени слики и експонати од оваа хуманитарка, а има и капела каде верниците можат да присуствуваат на миса.

Мајка Тереза е добитничка на Нобеловата награда за мир. Родена е во Скопје, како Агнеза Гонџа Бојаџиу, а во 1928 година заминува за Индија каде се приклучува на редот Лоретски сестри во Бенгал. Во 1946 година на едно од патувањата низ Калкута го почувствувала божјиот повик да им помага на сиромашните и две години подоцна добива дозвола да го напушти редот. Оттогаш живее со најсиромашните во предградијата на Калкута, каде се посветува на добротворна работа, помагајќи им на болните и на сиромашните луѓе. Во 1950 година го основа редот Мисионерки на љубовта кон ближниот.

Подоцна овој ред беше признаен од папата и беше под негова контрола. Мајка Тереза со редот посебно се грижеше за лица што беа пред смрт, сирачиња и за болни, посебно за оние од лепроза.

Денес редот на Мајка Тереза брои повеќе од 3.000 сестри и преку 500 браќа во повеќе од 100 земји од светот. За нејзиното несебично дело таа доби голем број награди.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...