fbpx

Груевски: Излегов на терен затоа што сакав да помогнам со сето мое знаење

-

Почнува да се обновува инфраструктурата во погодените места од саботното катастрофално невреме, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој денеска беше гостин во вестите на телевизија Сител.

– Од посетите на населените места, на пример вчера бев во Страчинци, таму кога отидов првиот ден, во понеделникот, состојбата беше ужасна. Патиштата беа претворени во реки, во места кои што повеќе изгледаат на планини претрупани со камења, со дрва, со отпад, со земја и не можеше да се помине и да се дојде до некоја куќа. Во ужасна ситуација го напуштивме населеното место Страчинци. Три дена покасно, вчера кога отидов, видов дека веќе патот е расчистен, на одредени места стои асфалтот, на одредени места не стои, но денеска почна тампонирањето на делови од патот, веќе се движат возила – рече Груевски.

Тој истакна дека секојдневно се работи на терен и огромен број на екипи помагаат во поплавените подрачја.

– Од она што го знам се прави масовно проценување, над 40 екипи на проценители работат на терен секојдневно, по цел ден. До вчера беа направени над 1.200 проценки, а вчера 800, денеска се очекува од прилика иста бројка. За неколку дена ќе заврши тој процес, веројатно во текот на следната недела и мислам дека владата направи одлична организација и максимален обид сето тоа побрзо да се заврши. Покрај директното работење на терен, 1.200 пумпи за извлекување на водата, голем број на граѓани, војската, армијата и полицијата се тргнаа силно и со проценители кои очекуваме брзо да ја завршат својата работа за да може да им се помогне на граѓаните. Видов дека огромен број на луѓе немаат ништо, имаат загубено се. Буквално немаат ништо. Голема е помошта од многу граѓани, од Црвен крст, донатори и компании кои помогнаа во процесот и верувам дека додека заврши проценката и стигнат средства од државата ова е од голема помош за луѓето – истакна Груевски.

Груевски рече дека околу 3.000 луѓе- волонтери, војска и полиција се на терен, од кои најголем дел се и од ВМРО-ДПМНЕ, активисти и членови кои по повик на партијата и на општинските комитети заминаа таму и секојдневно се таму.

Тој потенцираше дека секогаш е спремен да излезе на терен и да им помогне на граѓаните кои имаат потреба од тоа.

– Прво ќе кажам дека ако не координирав и не излегов на терен, критиката ќе беше зошто не сум излегол и не сум помогнал. Ако излезам и помогнам, зошто сум излегол и помогнал. Тоа е секогаш така со нашата опозиција и со медиумите блиски до нив. Она што сакам да го истакнам е дека јас сум претседател на најголемата политичка партија во Република Македонија, којашто на последните избори доби 480.000 гласови. Во кампања и во избори кои лично ги предводев како претседател на таа партија и имам одговорност покрај тоа што имам искуство во вакви ситуации, да помогнам, да излезам на терен со сето мое знаење, капацитет и искуство што сум го стекнал досега, да не седам пасивен и да бидам тука со идеи и со предлози и со се што можам и на начин на којшто можам да помогнам – изјави Груевски.

Во однос на барањето на опозицијата за оставка од Трајановски, Груевски рече дека Скопје има градоначалник којшто е човек од народот. Неговите претходници беа надмени, арогантни личности умислени сами во себе дека се некои големи величини и оддалечени од народот.

– За првпат Коце Трајановски покажа како треба да се соработува со народот, како треба да се биде на терен со народот, како да се сочувствува со неговите проблеми и на секаков начин да се помага. И како градоначалник, со средства, со сите расположливи капацитети на комуналните претпријатија и директно со присуство од најмалку 15 часа на терен дење и ноќе. Барањето за оставка на Коце Трајановски и најавата за скорешни протести од оние луѓе од таканаречената „Шарена револуција“ – рече Груевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ги информираше САД за планот за евакуација на палестинските цивили пред потенцијалната операција во Рафах

Израел оваа недела ги информираше претставниците на администрацијата на претседателот на САД, Џо Бајден за планот за евакуација на палестинските цивили пред потенцијалната операција во јужниот град на Газа,...