fbpx

Пакистан пресече синџир на продажба на новороденчиња

-

Пакистанските власти уапсиле неколку вработени во болница во Пешевар кои киднапирале и препродавале новороденчиња.

Полицијата соопшти дека тие се осомничени дека заменувале новороденчиња со мртви бебиња, а потоа ги продавале.

Бебињата достигнувале цена од 650 до 2.850 долари.

Препродавачите на бебиња признале дека продале девет новороденчиња, соопшти полицијата.

Безбедносните сили при апсењето спасиле едно киднапирано бебе.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...