Француската полиција уапси ултралевичарски активист поради саботажа на железницатa во Париз

Мажот бил приведен во Ојсел во северна Франција, а во него имал клучеви за пристап до техничките простории на операторот SNCF, алат и литература поврзана со ултралевичарската партија

-

Француската полиција денес уапси активист кој припаѓа на ултралевичарското движење на локација која е во сопственост на националниот железнички оператор. Апсењето се случува неколку дена по саботажните напади што ја парализираа мрежата пред почетокот на Олимписките игри.

Мажот бил приведен во Ојсел во северна Франција, а во него имал клучеви за пристап до техничките простории на операторот SNCF, алат и литература поврзана со ултралевичарската партија. Мажот бил приведен во полиција на сослушување во Руан, главниот град на француската област Нормандија.

Во меѓувреме, во нов инцидент, фибероптичките мрежи на неколку телекомуникациски оператори се „саботирани“ во шест области на Франција, но Париз не е погоден, соопшти полицијата. Елејн Коб од CBS News рече дека се погодени фиксните телефони во земјата, наместо мобилните или податочните услуги.

Министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин за телевизијата Франс 2 изјави дека властите ја разгледуваат теоријата дека ултралевичарските движења стојат зад нападите, кои многу личат на напад врз железничката инфраструктура извршен минатата година од активисти на крајната левица.

„Идидентификувавме одреден број профили кои можеле да ги извршат диверзантските дејствија. Нападите се намерни, многу прецизни, исклучително добро насочени. Традиционалниот начин на работа на ултра левицата“, изјави Дарманин.

ИзворCBS News
Марио Спасевски
Марио Спасевски
Новинар, Поткастер, Туризолог, Надреалист, Гејминг Гуру, Авантурист, Патник низ времето

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ИЈЗ: Ако 190 лица пешачат, за една година ќе заштедат повеќе од 108 илјади евра

Истражувањето на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), покажа дека економската придобивка од пешачењето на 191 учесник за една година изнесува 108.808 евра и 3 предвремено спречени смртни случаи за...