Филипче: Наместо за 12 % власта ги качи платите на наставниците само за 5%

Владата требаше законски да ги качи платите за 12%, но што направи? Обезбеди само 5%, рече Филипче

-

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска на народниот собир во прилепско с.Селце, порача дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ симболично ги зголеми платите на наставниците, што е далеку од потребното зголемување и тоа не е достоинствено решение.

„Владата требаше законски да ги качи платите за 12%, но што направи? Обезбеди само 5% и тоа под притисок на јавноста и на нашата партија. Ова не е достоинствено решение. Ова е обид да се смири револтот со симболично зголемување кое е далеку од потребното за нашите наставници“, изјави Филипче.

Во обраќањето, Филипче посочи дека Владата на СДСМ континуирано се грижеше и законски ги зголемуваше платите на наставниците.

„Кога СДСМ беше на власт, ние се грижевме, им дававме поддршка и ги покачувавме платите постојано и најважно тоа го правевме по закон и договор. Оваа Влада не ги почитува тие што ја градат иднината на нашите деца“, посочи Филипче, и додаде дека никогаш досега Македонија не била толку изневерена од својата власт, никогаш досега не немало толку празни ветувања и лаги, како сега од ВМРО-ДПМНЕ и нивната измама на последните избори.

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ станаа заложници на своите лажни ветувања, а со тоа ја држат во заложништво и Македонија“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Арсовска во Европскиот парламент: Централната се меша во работата на локалната власт

Политичко мешање во работата на локалните власти, обиди за влијание врз независноста и интегритетот од страна на централната власт, како и ограничени финансии и капацитети - ова се главните...