fbpx

Филипче: Готова е физибилити студијата за јавно-приватно партнерство за Итната помош

-

Министерот за здравство, Венко Филипче, во јавната дебата „Јавно приватно партнерство како модел на економски инвестиции” изјави дека физибилити студијата за јавно – приватно партнерство на Итна медицинска помош е завршена, пишува „Порталб.мк“.

„Имаме информација од економскиот опертор дека физибилити студијата е завршена и за периодот кој следи ќе биде доставена до Министерство за здравство“, изјави Филипче.

На прашањето на „Порталб.мк“, дали ќе има приватизација на Итната помош, Филипче одговори дека „терминот приватизација не треба да се користи, бидејќи не е приватизација”.

Во анализата на физибилити студијата ќе бидат вклучени синдикатот за здравство, невладиниот сектор и правни и економски експерти.

Експертот за јавно-приватно партнерство, Мирослав Трајановски, вели дека со јавно-приватно партнерство, државата ќе купува услуги за граѓаните.

-Во здравствениот систем приватниот сектор е вклучен, така е со примарното здравство бидејќи тоа функционари со јавно-приватно партнерство. Имаме матични лекари, кои веќе се приватници. Државата според капитациониот бод, број на пациенти ја купува услугата што ја даваат – вели Трајановски.

Но Филипче, спротивно од Трајановски истакна дека со јавното-приватно партнерство ќе се обезбедат финансии од приватниот партнер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...