„Еуроактив.рс“: Термоелектраните во Србија се меѓу најголемите загадувачи во Европа

Фото: Anne Nygård на Unsplash

Српските електрани на јаглен со децении го загадуваат регионот со огромни количества на отровни гасови, што предизвика предвремна смртност на населението на Западен балкан и на ЕУ. Отровните емиии од електраните со кои управува Електростопанство на Србија (ЕСС) ги надминуваат за шест пати дозволените вредности според домашните и меѓународните закони, објави порталот „Еуроактив Србија“.

Според податоци од информативниот канал на Европското биро за животна средина, српските термоелектрани спаѓаат меѓу најголемите европски генератори на сулфур диоксид и претставуваат здравствен и економски ризик за целиот континент.

„Сулфур диоксидот е штетен гас што настанува со горење на јагленот, а придонесува за појавата за кисели дождови и ПМ честички. Тој е сериозна опасност за човековото здравје и животната средина. Изложувањето на поголеми концентрации може да предизвика заболувања, како астма и други хронични болести“, се наведува во текстот, и се додава дека сулфур диоксидот од електраните во Србија се шири на голема површина и дејствува врз населението и на природата, не само во Србија.

Според „Еурактив“, во 2016 година над половината од предвремении смртни случаи во ЕУ биле предизвикани од штетните емисии од балканските елекрани. Во Романија имало 380 смртни случаи, 370 во Италија, а последици имало дури и во Германија, Франција и Шпанија. Хроничната загаденост од токсични материи од јагленот од Западен Балкан, влијаела и врз европската продуктивност. Поради тоа, истата година, имало над 3.047 хоспитализации и над 1,6 милиони изгубени работни денови во ЕУ и во Западен Балкан. Само во земјите од Европа имало 1.418 хипситализации и над 600.000 изгубени работни денови.

Србијакао дел од ЕЕЗима обврска да ја намали емисијата од старите термоелектрани до крајот на 2027 година, според стандардите на Директивата на ЕУ за индустриски емисии. Но, Србија досега не презела чекори за намалување на емисиите, пишува „Еурактив“.

Во 2018 година, 10 електрани на ЕСС емитирале 336.000, а во 2019 година 309.500 тони сулфур диоксид, за шест пати над предвидениот годишен лимит на НЕРП (националниот енергетски план), кој изнесува 54.000 тони. Така, само ТЕЦ Костолац и Никола тесла, емитирале повеќе сумпорни испарувања во споредба со сите термолектрани заедно во  Бугарија, Чешка, Франција и Полска.  

Над 70 отсто од струјата во Србија се произведува од неквалитететен лигнит, што ги кочи напорите на земјата за остварување на климатските цели на ЕУ до 2030 година. Координаторот на кампањата за јаглен и рударство во ЕЕБ (Европското биро за животна средина), Рикардо Нигро, предупреди дека:„Загадувањето на воздухот не познава граници и токсичните испарувања од српските термоелектрани се и европски проблем. Како годинашен претседавач со ЕЕЗ и кандидат за членство во ЕУ, Србија мора да обезбеди почитување на Договорот со ЕЗ и да го повика ЕСС на одговорност“, рече Нигро.