Еден возрасен и 11 деца заразени со пертусис, апел родителите да ги вакцинираат децата

„Вакцинацијата е најважна работа, вакцината се прима во три дози во три дози, а во училишната возраст има уште две ревакцинации. Апелирам до родителите кои не ги вакцинирале своите деца, да го сторат тоа“, вели Бесим Зеќири, директорот на Центарот за јавно здравје

-

Единаесет деца и еден возрасен имаат пертусис, односно голема кашлица, потврдува за „Мета“ Бесим Зеќири, директорот на Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ). Засега нема информација за хоспитализирани пациенти, но препораките се болните да се изолираат во домашни услови. Најголем број од заразените се од скопската општина Аеродром.

Во врска со епидемиолошката состојба во државата, членовите на Комисијата за заразни болести ќе заседаваат утре.

„Немам информација колкумина од пациентите се хоспитализирани, односно каква е клиничката слика. Сепак, она што се препорачува е да се изолираат, а се даваат и оние општи препораки за хигиена, држење растојание, носење маска. Вакцинацијата е најважна работа, вакцината се прима во три дози, а во училишната возраст има уште две ревакцинации. Апелирам до родителите кои не ги вакцинирале своите деца, да го сторат тоа“, вели Зеќири.

Мета.мк неодамна разговараше со д-р Кристина Ставридис, епидемиолог во Институт за јавно здравје во врска со состојбата со голема кашлица. Таа не ја отфрла можноста за појава на епидемија, посебно поради нискиот опфат со вакцинација и присуството на болеста во околните земји.

„Појава на случаи на пертусис не е невообичаено, посебно сега кога во регионот и Европа се регистрираат епидемии и зголемен број на случаи на пертусис, а особено во ситуација кога се соочуваме со намалување на опфатот со вакцинација“, изјави Ставридис.

Во нашата земја, скоро секоја година има регистрирани случаи на пертусис, а лани имаше три евидентирани случаи.

„Во 2022 година опфатот на примовакцинацијата со три дози на ДиТеПер изнесуваше 83,9 проценти. Но, овој процент треба да биде далеку повисок – над 90-95 проценти  – за да може да се обезбеди колективен имунитет. Намалувањето на опфатот со вакцинацијата е глобален тренд што во најголема мера се поврзува со ковид пандемијата која ги афектираше здравствените системи во сите сегменти, вклучително и вакцинацијата“, додава д-р Ставридис.

Таа апелира родителите да ги проверат вакциналните картони на децата и доколку не се вакцинирани, да ги вакцинираат за да се заштитат. Ако е пропуштена вакцинацијата на детето, треба да го вакцинираат во најбрзо време.

Инаку, од големата кашлица или пертусис најчесто заболуваат деца на возраст од една до пет години, но и доенчиња. Периодот на инкубација (првиот стадиум на болеста) потсетува на настинка со кашлица, а потоа преоѓа во напад на испрекинато кашлање. Кај малите деца кашлањето може да доведе до прекин на дишењето и со тоа може да се загрози животот. Со текот на времето, нападите на кашлање стануваат поблаги и проретчени.

 

Трамп лажно тврди дека Австралија е „преплавена“ од Јужноафриканци кои бегаат од „геноцид“

Доналд Трамп лажно тврди дека Австралија е „преплавена“ од бели Јужноафриканци кои ги напуштиле своите фарми, повторувајќи неоснована теорија на заговор дека белците во Јужна Африка систематски се убивани и нивната...

Сиљановска-Давкова: Културата е најмоќниот ресурс на малите народи и треба да го добие вистинското место во дипломатијата

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на домаќинка, се обрати на третата сесија на Форумот за културна дипломатија, што се одржува под покровителство на поранешниот македонски претседател, Ѓорге Иванов. Говорници на сесијата беа:...

Силен земјотрес во морето северно од Крит, издадено предупредување за цунами

Силен земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди морскиот регион североисточно од грчкиот остров Крит утрово во 6:19 часот по локално време, објави грчки Катимерини. Епицентарот бил...

Сè уште не е изграден ветениот кружен тек во Ѓорче Петров

Факт е дека Град Скопје и Општина Ѓорче Петров имаа три и пол години  да го изградат кружниот тек меѓу улиците „Ѓорче Петров“ и „Македонска војска“. Дури и под претпоставка сега...

Трамп лажно тврди дека Австралија е „преплавена“ од Јужноафриканци кои бегаат од „геноцид“

Доналд Трамп лажно тврди дека Австралија е „преплавена“ од бели Јужноафриканци кои ги напуштиле своите фарми, повторувајќи неоснована теорија на заговор дека белците во Јужна Африка систематски се убивани...