Двојно убиство на брачен пар во Стајковци, осомничениот пронајден со убоди и е хоспитализиран

Осомничениот бил брат на убиениот маж

-

Денеска во 12.30 часот во село Стајковци, скопско, по пријава во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, биле пронајдени лицата С.К. (57) и нејзиниот сопруг В.К. (64) на терасата и на скалите во својот дом со повреди на главата, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).

Лекар од Итна медицинска помош на местото констатирал смрт кај С.К., додека В.К. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде што починал, час и половина откако СВР Скопје ја добиле првата пријава.

Потоа, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го пронашле и Љ.К.(67), брат на В.К., кој имал убодни рани. Постои сомнение дека тој е сторител на убиството. Лицето имало и претходни здравствени проблеми и е пренесено во медицинска установа за укажување помош.

Од МВР пренесуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Меџити најави нови еколошки автобуси за Скопје

Проширување на мрежата на централно греење во Скопје и шест нови еколошки автобуси за ЈСП, но и гасификација на целата држава се дел од мерките за справување со аерозагадувањето...