Фото: Влада на РСМ

Премиерот Зоран Заев објави дека државата ќе учествува со 25 проценти во гасната централа која што е веднаш до гасниот терминал Александрополис во Грција и која е со капацитет од 630 до 830 мегавати, вредна преку 400 милиони евра.

„Колку за пример за што станува збор, еден блок на РЕК Битола е 200 мегавати. Нашата намера е да вложиме одреден процент во гасниот терминал Александрополис кој што е вреден околу 400 милиони евра, и во кој има грант од ЕУ од 170 милиони евра и во кој ние ќе партиципираме со 10 проценти, а Грција и Бугарија партиципираат со по 25 проценти, а останатиот дел е приватен капитал,“ напиша Заев на неговиот фејсбук-профил.

Заев најави и инвестиции во енергетиката меѓу кои и градење на гасната централа во државата од страна на „Митилинеос“.

Годинава е најавено дека и официјално ќе започне проектот изградба на гасовод помеѓу Северна Македонија и Грција со кој ќе се обезбедат дополнителни количини на природен гас од други извори со конкурентна цена, со сигурност и безбедност во снабдувањето.