fbpx

Дримски басен – енергетско-еколошки предизвик на регионот

-

Владата на Република Македонија, преку Министерството за животна средина и просторно планирање, ја одобри имплемнтацијата на ГЕФ-проектот за управување со Дримскиот басен.

Со проектот се постигнува поддршка на заедничкото управување со Дримскиот басен, градење консензус меѓу државите за клучните прашања во басенот, вклучувајќи ги последиците од климатските промени, како и зајакнување на техничките и на стручни капацитети и спроведување на слични пилот-проекти.

– Проектот се состои од пет компоненети и тоа, консолидација на заедничкото знаење во басенот за заедничка анализа и надзор, изградба на основа за заедничко управување – подготвување на стратегиски план за басенот, институционално зајакнување за формирање заедничка Дримска комисија, демонстрација за технологии и за практики преку пилот-проекти во басенот и инволвирање на јавноста во доделување на одлуките и во подигнување на јавната свест – вели Дејан Пановски од Билатералниот секретарјат за заштита на сливот на Охридско Езеро.

Добивките од овој проект ќе бидат еколошка заштита на басенот, подобрување на енергетското управување, заштита на екосистемот преку пилот-проекти, подготвување заеднички план за управување кој ќе го подобри управувањето со нивото, особено во Охридско Езеро и промоција на басенот како туристичка атракција.

Во имплементацијата на ГЕФ-проектот ќе учествуваат Министерството за животна средина и просторно планирање, групата „Дрим Кор“, Билатералниот комитет за Охридско Езеро, Комитетот за Преспа, научни установи, како Хидробиолошкиот завод, Управата за хидрометеоролошки работи, менаџерски установи (ЕЛЕМ), како и експерти и невладини организации.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...