Приинтскрин од написите на веб-сајтовите на „Вечер“, „ТВ Сител“ и „Република“.

КриТинк“ направи рецензија на текст во кој се тврди дека жителите на општините со најголем број новозаразени од коронавирусот во Македонија добиваат забрана за влез во Грција, а меѓу нив се наведуваат жителите на Тетово, Чаир, Сарај, Бутел, Арачиново, но и уште неколку општини каде вирусот се прошири.

Оваа информација не е точна. Министерството за надворешни работи на Грција има официјално соопштение на својата веб страница и во него нема споменато ништо околу рестрикции за македонски граѓани од општините што се посочуваат во рецензираниот текст.

Во него се тврди дека изворот е грчкото МНР, но самото соопштение изгледа многу сомнително, со три четвртини од грбот на институцијата и личи на фотомонтажа. Границите од грчката страна не се отворени дури ни за жителите на местата во Македонија што имаат нула заразени. Сепак, дословниот превод на текстот од грчки на македонски јазик гласи:

„Грчкото министерство за надворешни работи ги информира пограничните служби дека до 1 Јули забранува влез во Грција за жителите на Тетово, Чаир, Сарај, Бутел, Арачиново, Липково, Куманово, Теарце, Студеничани и Шуто Оризари“ стои во соопштението на грчкото МНР.”

Критинк укажа дека, спротивно на новинарските стандарди, не е направен обид официјално да се потврди или да се демантира информацијата и таа е објавена непроверена.

Во текстот се тврди дека Грција не сака да ризикува во пресрет на летната сезона и решила да го спречи ширењето на коронавирусот на нивна територија за разлика од македонските власти кои тоа не го направиле. Не е консултирано македонското МНР за да се изврши проверка на главната информација во текстот, кое во објава на Фејсбук оваа дезинформација ја означи како „лажна вест“.

Инаку, ваквата евентуалната забрана за патување издадена од органи од една држава, а која би се однесувала само на граѓани кои живеат на делови од територии од друга држава, би го нарушила ETIAS договорот меѓу Македонија и Европската унија.

Покрај рецензираната вест, објавена на веб страницата на „Вечер“, веста беше објавена и на веб страницата на Сител телевизија, „Република“ и „Пресинг“ (обата медиуми се во сопственост на фирмата со унгарски капитал Прва Република ДОО Скопје), како и „24 инфо“.

Прочитајте ја целата рецензија на следниот линк.