До утре тече пријавувањето на Конкурсот за доделување на наградата „Мето Јовановски“

Наградата „Мето Јовановски“ се доделува секоја година на 10 декември, на Меѓународниот ден на човековите права, а во рамките на овој конкурс може да се доделат најмногу две награди

-

Пријавувањето за доделување на државната награда „Мето Јовановски“ трае до утрешниот ден. Со државната награда „Мето Јовановски“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права.

Наградата „Мето Јовановски“ се доделува секоја година на 10 декември, на Меѓународниот ден на човековите права, а во рамките на овој конкурс може да се доделат најмногу две награди.

Државната награда им се доделува на поединци, здруженија на граѓани, неформални групи и други правни субјекти, при што истата може да се додели и на странски државјани и на други меѓународни и странски правни субјекти.

На наградениот поединец му се доделува диплома и паричен износ, додека на награденото здружение на граѓани или на друг правен субјект му се доделува само диплома и плакетa. На секој член од наградената неформална група му се доделува диплома и еднаков дел од паричниот износ.

„Паричниот износ за државната награда „Мето Јовановски“ изнесува пет (5) просечни месечни плати во Република Северна Македонија исплатени во последните три месеци од тековната година“, се наведува во објавениот Конкурс.

Иницијатива за доделување на државната награда „Мето Јовановски“ може да поднесат здруженија на граѓани, граѓани, странски државјани, како и други правни субјекти во земјава и во странство.

Подносителите на иницијативата за доделување на државната награда „Мето Јовановски“ треба да достават биографија, портфолио на постигнувањата и опис на акцијата за која сметаат дека предизвикала позитивна промена во одредена област на човековите права за која се поднесува иницијативата.

Текстот на иницијативата (комплетиран) треба да се достави во 15 примероци, а трудовите (книги, публикации и сл.) се третираат како прилози и треба да се достават во најмалку еден (1) примерок.

Иницијативитe треба да се достават во архивата на  Министерството за култура на Република Северна Македонија – Одбор за доделување на државната награда „Мето Јовановски“, ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61, Скопје, Република Северна Македонија или по пошта.

Конкурсот трае во периодот од 7 до 17 ноември 2023 година. Повеќе информации од заинтересираните за пријавување за наградата „Мето Јовановски“ може да се најдат овде.

Како критериуми за оценување на иницијативите се назначени:

  • Значајна и долгогодишна работа посветена на заштитата и унапредувањето на човековите права (се потврдува со биографија/портфолио на постигнувања);
  • Спроведена акција, политика или проект кој резултирал со конкретна позитивна промена на полето на човековите права (специфично достигнување или листа на достигнувања);
  • Придонес преку промени во јавната комуникација или промоција на човековите права во јавниот дискурс што предизвикал позитивна промена на планот на човековите права.

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност, млади, култура...

Детектор анкета: Мерките за замрзнување не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата

Само 16 проценти од граѓаните можат целосно да си ги покријат месечните трошоци за живот, покажува анкетата која за емисијата Детектор на Сител ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Третина...

Парламентарни избори во Косово

Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои граѓаните ќе можат да гласаат во 941 избирачки центар и 2,533 гласачки места. Косовските граѓани во дијаспората гласаа вчера во 30 дипломатски претставништва,...

Истрага против дилер на дрога во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни сустанции и прекурсори по...

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност,...