fbpx

Денеска во 18 часот протест против панорамското тркало

-

Денеска во 18 часот на Кејот на Вардар, каде што треба да се гради панорамското тркало ќе се одржи протест под мотото „Скопје не е Дизниленд“. На страницата на социјалната мрежа „Фејсбук“ каде што е најавен настанот, се препорачува демонстрантите да носат маски и костими.

„Драги сограѓани, ве повикуваме на мирен протест и граѓанско собрание во 18 часот, четврток 20 август 2015, на мостот каде треба да почне изградбата на панорамско тркало. Во четврток сакаме да им порачаме на одговорните дека Скопје не е Дизниленд и ова лудило мора да запре. Продолжуваат да се градат контроверзни зданија и споменици без соодветна јавна дебата и консултација со жителите на овој град. Ние не сакаме нашите поколенија да отплаќаат долгови со непоимливи камати за оваа естетска и политичка катастрофа“, пишува во повикот за протестот.

Организаторите велат дека на Скопје му треба модерна инфрастуктура и прогресивни идеи за развој на економијата и соживотот.

„За да покажеме што чувствуваме за се што е изградено од шмизлите па навака ќе носиме маски и костими. Индијанци, каубојци, кловнови, дизни карактери и карикатури, придружете ни се“, повикуваат организаторите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...