fbpx

Денеска сончево, попладне облачно со дожд

-

Времето во Македонија во утринските и раните попладневни часови ќе биде сончево, а потоа ќе настапи наоблачување, на крајниот југ и југоисток од земјава со  локален дожд и ретка појава на грмежи.
Ќе дува умерен северен ветер, кој во горниот тек на Повардарието повремено ќе засилува.

Дневната температура ќе се движи од 13 до 20 Целзиусови степени. Во Скопје температурата ќе се искачи до 19 степени.

За утре се прогнозира променливо облачно време, во југоисточните делови со услови за локален дожд.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...