fbpx

Демократски сојуз: Ахмети и Груевски да ги смират тензиите меѓу граѓаните

-

Демократскиот сојуз повикува на разумно однесување од сите граѓани без разлика на политичката и на етничката припадност во врска со актуелните тензии во Бутел.

ДС бара лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Никола Груевски и Али Ахмети, да излезат на местото каде што се поставени шатори и има насобрани лица кои насилно ги срушија темелите каде треба да се постави крст, да повикаат на разум и со тоа да се спречат можни судири со тешки последици по стабилноста, мирот и по безбедноста на државата.

„Поставувањето на национални и на верски симболи за да се печалат предизборни поени е крајно неодговорно и против интересите на граѓаните и на државата. Наместо протести и судири помеѓу партиските војници, инсистираме, за поставување на двоглавиот орел и на крстот да одлучат државните институции. Го повикуваме МВР да спречи директен контакт помеѓу спротивставените страни и насилно однесување“, реагираат од ДС.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...