fbpx

Дебата за државниот испит: Доста е од подвиткување на `рбетот

-

Секоја генерација има право на своја револуција, порачаа пет професори од различни институти, присутни на денешната трибина на „Студентски пленум“ што се одржа на Филозофскиот факултет, пренесе „Нова“.

Професорите Билјана Ванковска, Љубомир Цуцуловски, Дана Прелиќ, Маја Бојаџиева и Небојша Вулиќ едногласно се изјаснија против предлогот за државен испит во високото образование. Тие сметаат дека власта преку оваа реформа има цел да постави дисциплинирање на студентот и ја ускратува слободната мисла на младиот човек. Ги поздравија пленумците и им порачаа да опстојат во својата намера.

– Доста е од подвитукување на `рбетот. Инициравте прашања кои ја допираат сржта на слободата, за тоа можам само да Ви честитам по не знам кој пат. Зад оваа маска не гледам ништо друго освен желба за дисциплинирање –  порача професорката Маја Бојаџиевска од Филолошкиот факултет при УКИМ.

Љубомир Цуцуловски, професор на Филозофскиот факултет, сега веќе во пензија, порача дека дел од сегашните министри некогаш со шатори протестирале, па токму затоа треба да покажат разбирање кон студентскиот марш. Тој ја истакна важноста на социјалната солидарност за време на маршот, каде илјадници граѓани изразија поддршка и се приклучија на студентскиот протест.

Професорката Дана Прелиќ од Институт за биологија на ПМФ вели дека оценката е производ од релацијата професор – студент , таа е единствена и мора да се почитува.

– Одбивам каква било дискусија на оваа тема. Сметам дека релацијата студент – професор е единствена и за формирање на оценка и приказната околу тоа треба тука да завршува – вели Прелиќ.

За време на трибината, професорот на Факултетот за драмски уметности, Небојша Вилиќ, соопшти дека ФДУ едногласно го отфрли предлогот за државен испит.

– Ние како уметници, нели, „непослушните“, не прифаќаме ниту дебата околу таа реформа, отфрлам и лично воопшто да мислам на тоа, а видов на маршот дека на сите ни е преку глава од реформите во високото образование – вели Вилиќ.

Во меѓувреме, наставно-научните совети на неколку факултети веќе едногласно се изјаснија против најавената реформа за државен испит во високот образование. Досега само Правниот факултет, Факултетот за драмски уметности, како и приватниот универзитет ФОН официјално се изјаснија против ваквиот предлог.

НОВА

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...