Даниелсон: Политичка одговорност за да се врати довербата во институциите

-

Кристијан Даниелсон, генералниот директор за проширување во Европската комисија, во интервју за интернет-мрежата „Еуропиан Вестерн Балканс“ (European Western Balkans) изрази загриженост за вооружениот напад во Куманово и рече дека случајот мора да се истражи за да не дојде до меѓуетнички тензии во земјата.

– Многу сум загрижен за тоа што се случи во Куманово. ЕУ ја осуди секоја форма на насилство и сакам да им изразам длабоко сочувство на семејствата на лицата што ги загубија животите – вели Даниелсон во интервјуто.

Тој истовремено порача да не се оттргнува вниманието од сериозната политичка криза во Македонија и партиите да се ангажираат во конструктивен политички дијалог. Даниелсон смета дека треба да има политичка одговорност за да може да се врати довербата во институциите, а сите тврдења за можни потенцијални нерегуларности, според него, треба независно и транспарентно да се истражат.

Британски фирми со домашни подизведувачи ќе ја градат пругата од Коридорот 10, за пет години ќе се повлечат 2,2 милијарди евра

Од помпезно најавените шест милијарди евра „инвестициски бум“ како дел од договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, во првите пет години ќе се повлечат 2,2 милијарди евра или околу една...

Опожарени три автомобили во Битола

Ноќеска, половина час по полноќ било пријавено дека се опожарени три автомобили паркирани пред колективна зграда на улицата „Леринска“ во Битола. Огнот најпрво избувнал во „тојота“, потоа зафатил уште две возила...

Матурант пронајден починат во нива во Струмица

На 19 мај во 12.05 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека во нива на место викано Крива река во Струмица е пронајден починат М.А.(19) од Струмица, потврдуваат од СВР...

ОН предупредува дека 14.000 бебиња може да умрат во Газа во следните два дена oти немаат храна

ОН предупредува дека во следните 48 часови 14.000 бебиња во Газа може да умрат бидејќи немаат храна, објави „Гардијан“. Том Флечер, шефот за хуманитарни прашања, зборуваше во програма на Радио 4...

Британски фирми со домашни подизведувачи ќе ја градат пругата од Коридорот 10, за пет години ќе се повлечат 2,2 милијарди евра

Од помпезно најавените шест милијарди евра „инвестициски бум“ како дел од договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, во првите пет години ќе се повлечат 2,2 милијарди евра или...