fbpx

Цела година ќе се исправаат грешките во проектот на автопатот Кичево – Охрид

Идниот проектант ќе треба да ги изработи и докомплетира основните проекти и проектите за инфраструктура за сите 5 подделници на автопатот. Најниската цена и квалитетот на досегашната работа на проектантот се два нови критериума за избор на најповолен понудувач

-

Најдоцна за една година треба да се заврши препроектирањето на утврдените пропусти кај автопатот Кичево – Охрид. Јавното претпријатие за државни патишта го објави тендерот за докомплетирање на проектната документација за делницата долга 57 километри, за која државата за нејзината изведба ќе треба да издвои вкупно 598 милиони евра.

Како што се наведува во тендерот објавен на Електронскиот систем за јавни набавки, идниот проектант ќе треба да ги изработи и докомплетира основните проекти и проектите за инфраструктура за сите 5 подделници на автопатот. Обемната листа вклучува препроектирање за стабилизација на косините и санација на свлечиштата долж целата траса, изградба на контролен центар за тунелот „Пресека“ долг 2 километри, ново патни јазли кај Требеништа и Свети Еразмо, денивелација на патиштата поврзани со автопатот, како и проектна документација за идните пристапни правци од околните села до автопатот.

Поучени од досегашното искуство со проблемите што произлегоа од првичниот проект, ЈП за државни патишта во актуелниот тендер воведува два критериума за избор на најповолен понудувач. Покрај најниската цена, со 40 бодови ќе се вреднува квалитетот на понудувачите преку испитување на веќе извршените услуги од нивна страна за проектирање и ревизија во последните 3 години. Идниот проектант ќе треба да ја докомплетира проектната документација за автопатот Кичево – Охрид до летото 2020 година.

Кинеската компанија „Синохидро“ пак има рок до 30 јуни 2021 година за да ја заврши во целост изградбата на овој автопат. Првичниот рок за негова изведба е продолжен за три и пол години, а заедно со него и вредноста на автопатот проценета на 411 милиони евра. Новата влада најпрво ги откри сите неправилности и грешки при изградбата на автопатот Кичево – Охрид, по што склучи и два нови анекса на договорот за неговото целосно завршување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Владата со нов закон ќе ги укине економските директори во здравствените установи

Владата ќе го усвои новиот закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита со кој ќе се укине институцијата економски директори во јавните здравствени установи. „Оваа промена има...