fbpx
Македонија Страница 2032

Македонија

Облачно и ветровито

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од еден до девет Целзиусови степени, а дневната од 12 до 17 степени. Во Скопје, времето ќе биде претежно облачно со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе...

„Бомбата“ на Заев ќе била во меѓуетничките односи

„Бомбата“ со аргументи и со докази што ја има СДСМ против Груевски чепка во меѓуетничките односи, најави на вечерашната трибина во Битола лидерот на опозицијата, Зоран Заев. Според него, ако опозицијата не излезеше на последните парламентарни избори, не ќе можеше да ги собере сите тие...

Специјализантите ќе полагаат пред камери

Специјализантите пред камери ќе го полагаат теоретскиот дел од колоквиумот. Полагањето ќе се емитува директно преку веб-страницата на Министерството за здравство. Ова идеја на министерот Никола Тодоров треба се најде во Законот за здравствена заштита. Според Тодоров, снимањето на испитот и неговото директно емитување е важно...

„Потрага“ на Андријана Коровешовска победи на конкурсот за млади поети

Песната „Потрага“ на Андријана Коровешовска ја доби првата награда  на конкурсот за млади поети што го распиша Агенцијата за млади и спорт на Република Мекедонија, во соработка со Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ). Од 86 пристигнати песни од млади поети на возраст од 15...

Фонтана и релјефен столб ќе се градат на плоштадот ВМРО

На плоштадот ВМРО, пред седиштетото на владејачката партија, ќе се издигне столб со релјефи на кои ќе бидат прикажани ликови и настани што се значајни за Внатрешната македонска револуционерна организација. Столбот ќе се наоѓа на средина од планираната фонтана, а на врвот ќе биде поставена...

Трајановски и Латиновски ќе се сретнат со жителите на Бутел

Утре, во 13 часот, на улица Бутелска, во близина на расадникот на ЈП „Паркови и зеленило“, градоначалниците на Град Скопје и на Општина Бутел, Коце Трајановски и Петре Латиновски, ќе присуствуваат на акцијата за чистење што ќе се спроведува во оваа општина. По акцијата, градоначалниците ќе...

Телото на Дениса сепак не стигна во Македонија

се очекува Институтот за судска медицина да направи нова ДНК анализа
Иако се очекуваше да биде донесено во земјава, телото на 23-годишната Дениса Маркоска од Прилеп, чиј живот трагично згасна кај островот Родос, сè уште е во Грција. Настанал уште еден процедурален проблем, поради што ќе задоцни транспортот на нејзиниот труп во Македонија. Од Министерството за...

Град Скопје ќе формира совет на млади

Советот на Град Скопје ќе формира совет на млади, кој ќе има задача да го поттикнува и овозможува активното учество на младите во јавниот живот. Одлуката за формирање совет на млади ќе се најде пред градските советници на наредната седница на Град Скопје, што ќе одржи...

80 настани за прославата на 13 Ноември

Симон Беличанец, Стојан Тарапуза, Славица Петровска-Галиќ, Дејан Пројковски, Бранислав Давитковски, Ѓулумер Касапи, Африм Османи, Илија Велев, Маја Бошковска и Вејчеслав Поповски се добитниците на годинешните награди на Град Скопје „13 Ноември“. Наградите ќе им бидат врачени на 13 Ноември, во Македонскиот народен театар во 19.30 часот. По...

СДСМ: Во 21 век, во училиштата нема греење

Кога се доведува во прашање здравјето на учениците, никој не го интересира дали за тоа е виновна централната власт на ВМРО-ДПМНЕ или локалната на Зијадин Села. Надлежните институции да не си ја префрлуваат одговорноста еден на друг, туку веднаш да го решат овој проблем,...

Почина новинарот Драги Јанковски

Јанковски повеќе од 10 години беше дел од редакцијата на „Дневник“
Во несреќен случај, животот го загуби поранешниот новинар на весникот „Дневник“, Драги Јанковски (1975-2014). Несреќата се случила во Лондон, каде што тој живееше последните неколку години. Јанковски повеќе од 10 години беше дел од редакцијата на „Дневник“, а колегите со кои соработуваше имаат само убави...

СДСМ: Да се објават резултатите од конкурсот за превод на македонски книги

СДСМ бара Министерството за култура да ги објави резултатите од конкурсот за превод на македонска литература на странски јазици. Роберт Алаѓозовски, претседател на Комисијата за култура на СДСМ, вели дека, според нивните информации, дел од грантовите биле со понижувачки мал износ. - Со обајавување на...

СДСМ Крива Паланка: Поради непрофесионално однесување, оштетени 15 наставници

Ова е спротивно на Правилникот за начинот на проверување на објективноста на наставникот, тврдат од партијата
ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски го спроведуваат екстерното тестирање хаотично и непрофесионално, на сметка на учениците, родителите и на наставниците во училиштата, тврдат од СДСМ Крива Паланка. - Во ООУ „Илинден“ во Крива Паланка, наставникот којшто од директорот на училиштето бил назначен да го спроведе интерното...

Конференција за „Енергетска безбедност во Западен Балкан – политики и предизвици“ во Скопје

Идејата е конференцијата да претставува отворен форум за размена на тема енергетска безбедност во Западен Балкан
Конференција на тема „Енергетска безбедност во Западен Балкан – политики и предизвици“ ќе се одржи денеска во Скопје. Конференцијата е во организација на Фондацијата „Конрад Аденауер„ (КАС), во соработка со својот партнер „Аналитика“. Идејата е конференцијата да претставува отворен форум за размена на мислења и...

На „Фејсбук“ се враќаат во парламентот, на јаве се пишманат!

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вчера потврди дека не се размислува за враќање во Парламентот
Лидерите на трите големи опозициски партии, СДСМ, ЛДП и НСДП, Зоран Заев, Андреј Жерновски и Тито Петковски, во седиштето на СДСМ на Бихаќка, вчера одлучија да продолжат со бојкотот на парламентот. Сепак, деновие сè погласни се информациите дека неколкумина пратеници од опозицијата имаат намера да...

Одложено судењето на Канческа-Милевска против Шилегов, судијата бил на обука

Судското рочиште за тужбата на министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска против портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, денеска повторно, тртпат, беше одложено, поради тоа што судијата бил на обука. На рочиштето дојде само Шилегов, а следното соочување во Основниот суд Скопје 1 е закажано за 21 јануари...

Студентски собир пред Архитектонски факултет во Скопје

Студентите уште еднаш го повторија својот став дека не го сакаат новиот тест на факултетите
Стотина студенти синоќа се собраа пред Архитектонски факултет во Скопје, на третиот Студентски пленум, на кој се разговараше за најавата од Министерството за образование да воведе екстерно тестирање во високото образование, пренесе „Радио МОФ“. Под мотото „Не ведни глава, придружи се!“, студентите уште еднаш го повторија својот...

Седници на две собраниски комисии

Седници на комисиите за еднакви можности на жените и на мажите и за политички систем и односи меѓу заедниците ќе се одржат денеска во Собранието на Република Македонија. Комисијата за еднакви можности на жените и на мажите ќе ги разгледува измените и дополнувањата на Законот за еднакви...

Примена на асистивна технологија во редовното основно и средно образование

здружението „Отворете ги прозорците“.
Денеска во Скопје ќе се одржи тркалезна маса на тема „Примена на асистивната технологија во редовното основно и средно образование“, која е во организација на проектот на УСАИД за електронски пристапно образование. Проектот го спроведува здружението „Отворете ги прозорците“. На тркалезната маса се поканети и...

Попоски на конференција за Југоисточна Европа во Берлин

Се одржува во организација на реномираниот германско - американски Институт „Аспен“ во Берлин
Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, на покана од германскиот министер за надворешни работи, Франк-Валтер Штајнмајер, и од британскиот министер за надворешни работи, Филип Хамонд,  денеска ќе учествува на шестата Конференција на министри за надворешни работи од Југоисточна Европа, која се одржува во организација на реномираниот...

Палевски екстрадиран во Македонија, ќе се одмотува клопчето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Со комерцијален лет од Истанбул, Турција на „Туркиш ерлајнс“, во 19.30 часот на Меѓународниот аеродром во Скопје беше екстрадиран Љупчо Палевски - Палчо, првоосомничен за двете монструозни убиства, на...