fbpx

SafeJournalists: Ги осудуваме смртните закани и сексистичките навреди кон новинарката Тања Милевска

Тања Милевска, новинарка и дописник во МИА (Медиумската информативна агенција), доби смртни закани и сексистички навреди на Твитер, а подоцна и на Фејсбук, заради нејзините јавни ставови изразени на социјалните мрежи. Случајот е пријавен во полиција, но досега не се покренати обвиненија. На 11 јули,...

ОБСЕ/ОДИХР: Националните радиодифузери немаа темелно аналитичко известување за време на кампањата

Набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР во однос на набљудувањето на националните радиодифузери за време на изборниот процес констатирале дека бројните дебати и ток-шоу емисии главно биле користени од учесниците како платформи за взаемни лични критики. Исто така, во прелиминарниот извештај се додава дека информативните емисии на сите...

ОДИХР: МТВ се придржуваше до одредбите од Изборниот законик за известување во текот на кампањата

Специјалната мисија за проценка на изборите (СМПИ) на ОБСЕ/ОДИХР во Изјавата за прелиминарните наоди и заклучоци за предвремените парламентарни избори одвои посебно мислење и за медиумското известување на јавниот сервис. Во објавениот документ се вели дека информативните емисии на МРТ во текот на кампањата...

МИОА целосно не се согласува со поднесените прекршочни пријави од страна на АВМУ кон Телма и Алсат-М

Министерството за информатичко општество и администрација, како надлежно министерство за медиумите, целосно не се согласува со поднесените прекршочни пријави од страна на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги против телевизиите Телма и Алсат-М, заради пренесена изјава на министерот за здравство Венко Филипче, за...

Македонско радио со изјава на Чулев, Телма и Алсат со изјава на Филипче го прекршиле изборниот молк

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) на вчерашната седница донесе заклучок за покренување на прекршочни постапки пред надлежен суд против телевизиите Телма и Алсат-М, а идентична прекршочна постапка ќе следи и против првата програма на Македонското радио за прекршување на...

ААВМУ: И првата програма на Македонското радио вчера го прекршила изборниот молк

Во рамките на својот изборен мониторинг, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), констатираше дека вчера, 14 јули, Првиот програмски сервис на Македонско радио во неколку дневноинформативни изданија емитуваше прилози за активности на Министерството за внатрешни работи за спречување потенцијален криминал поврзан со...

ААВМУ: „Телма“ и „Алсат-М“ го прекршија изборниот молк, апел да се известува одговорно

Телевизиите „Телма“ и „Алсат-М“ го прекршија изборниот молк објавувајќи аудиовизуелни материјали за носител на функција во органите на власта кој воедно активно учествуваше во кампањата на еден учесник во изборниот процес, соопшти денеска Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), која прекршувањето го...

ЗНМ и СЕММ го осудуваат директното кршење на изборниот молк од некои онлајн медиуми

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) најостро ги осудуваат случаите на грубо прекршување на изборниот молк од страна на повеќе онлајн медиуми во текот на вчерашниот ден, што претставува сериозно компромитирање на изборниот процес. „Се оди...

МИОА го осудува говорот на омраза кон новинарката Милевска

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) се приклучува кон осудата на нападите и говорот на омраза, искажани врз новинарката Тања Милевска. Воедно, МИОА ги осудува нападите со говор на омраза и врз кој било друг новинар и граѓанин. „Социјалните медиуми не смеат да бидат...

Владата најостро ги осуди нападите врз новинарката Милевска и повика МВР и ЈО итно да ги расчистат бруталните закани

Владата најостро ги осуди нападите со говор на омраза врз новинарката Тања Милевска, дописничката на МИА од Брисел, и врз кој било друг новинар и граѓанин воопшто. „Владата цврсто стои зад слободата на говор и слободното новинарство и има нула толеранција за заплашување и закани...

ССНМ, ЗНМ и СЕММ остро ги осудуваат заканите кон дописничката Милевска

Здружението на новинари (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика на медиумите во Македонија (СЕММ) најостро реагираат на говорот на омраза и директните закани по живот упатени преку социјалната мрежа Твитер, до новинарката Тања Милевска, дописник за државната...

АНКЕТА: Колкави се примањата на новинарите и медиумските работници?

Голем дел од новинарите и медиумските работници во земјава имаат примања што се далеку под просечната плата во Северна Македонија, иако имаат високо образование. Дури 67 отсто од новинарите одговориле дека не се задоволни од платата и хонорарот, при што 35 отсто од медиумските...

ЗНМ: Осуда за дисквалификациите упатени кон новинарката Марина Костова од Агенцијата за филм

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ги осудува грубите дисквалификации кон новинарката Марина Костова и онлајн медиумот СДК.мк искажани во вчерашното соопштение за медиуми, од страна на Агенцијата за филм, насловено како: „Дали во новата милионска драма на Милчо Манчевски главните улоги ги толкуваат...

Партиска пропаганда на денот на избори поради немање изборен молк

На вонредните парламентарни избори што треба да се одржат на 15 јули идната недела на денот на гласање нема да има изборен молк. Тоа значи дека учесниците на изборите на денот на гласање ќе можат да ги користат медиумите и социјалните мрежи за да...

Лажните вести и (само)регулацијата во фокусот на програмите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во делот за медиумите

Медиумите и нивната (само)регулација, заканите и тужбите со кои се соочуваат новинарите, лажните вести, медиумската писменост и финансиската поддршка на медиумите се наоѓаат во предизборните програми на двете најголеми политички партии што ќе се натпреваруваат на парламентарните избори на 15 јули. Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ,...

Резултатите од изборните анкети медиумите може да ги објавуваат најдоцна до 9 јули

Фото: Борче Поповски
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) ги потсетува радиодифузерите дека резултатите од испитувањата на јавното мислење во врска со предвремените парламентарни избори, согласно Изборниот законик може да се објавуваат најдоцна пет дена пред датумот определен за одржување на изборите, односно најдоцна до...

МРТ во изборните програми: СДСМ ја гледа како заштитник од дезинформации, ВМРО ќе ја уредува со нов закон

Идниот развој на јавниот радиодифузен сервис е вклучен во изборната програма на двете најголеми политички партии што ќе се натпреваруваат на изборите на 15 јули. За владејачкиот СДСМ, приоритет е Националната радио-телевизија да прерасне во вистински јавен радиодифузер, кој мора да биде во тек...

УЈП: Медиумите можат да аплицираат за субвенциoнирање на придонеси од задолжително социјално осигурување

Управата за јавни приходи соопшти дека согласно Уредбата со законска сила за субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработени во медиуми, на работодавачот – медиум за секој осигуреник за месец јуни, јули и август 2020 година му се субвенционира 100 отсто...

ЦИВИЛ: Социјалните мрежи и дел од медиумите и на овие избори се користат за ширење лажни вести и омраза

Граѓанската организација ЦИВИЛ денеска одржа прес-конференција за да ги претстават нивните досегашни наоди од мониторингот на платеното политичко рекламирање и медиумското известување пред и за време на изборната кампања за изборите што ќе се одржат на 15 јули. Од тимот на ЦИВИЛ посочија дека...

ДУИ со претставка до ААВМУ, Агенцијата бара баланс во дебатните емисии на медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) вчера добила претставка од политичката партија ДУИ, во која таа реагира на организирањето дебатни емисии на програмите на медиумите. Агенцијата веднаш направила увид во податоците од мониторингот на досегашното изборно медиумско претставување, при што упати апел...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...