Царскиот орел, спасен од пожар на Пониква, угинал од инфекција

Царскиот орел, кој беше спасен од пожарникари, заглавен на кров на куќа, на почетокот на месецов, се лекуваше во Зоолошката градина во Скопје, но не успеа да преживее

-

Царскиот орел спасен од пожарите на Пониква, угинал како последица на инфекција, покажала обдукцијата направена на Факултетот за ветеринарна медицина. Птицата не била жртва на огнено оружје и немала скршеници, но била со слабо развиена мускулатура.

„Од трупот биле земени материјали за патохистолошко испитување, кое покажало дека златниот орел угинал од како последица на инфективна етиологија. Рентген снимките не покажале присуство на видливо страно тело“, стои во соопштението од Македонското еколошко друштво.

Царскиот орел, кој беше спасен од пожарникари, заглавен на кров на куќа, на почетокот на месецов, се лекуваше во Зоолошката градина во Скопје, но не успеа да преживее. Од МЕД велат дека стапката на смртност на младите грабливи птици е многу голема во природата, а кај конкретниот вид само 10 до 20 отсто од сите пролетани млади птици ќе дочекаат возраст за репродукција од три или четири години старост. Еколозите неодамна апелираа и државата да отвори центар за рехабилитација на диви животни, каде што ваквите случаи адекватно ќе се третираат.

„Во отсуство на Центар за рехабилитација на центар за диви животни, Зоолошката градина во Скопје ги има најдобрите услови за закрепнување на ваквите животни, но земјата не е подготвена соодветно да реагира на случаи во кои се повредени диви животни. За разлика од кај нас, во Бугарија и Грција постојат специјализирани центри за рехабилитација на диви животни“, изјавија тогаш од МЕД.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поевтинуваат бензините и дизел горивото

Бензините Еуросупер БС 98 и Еуросупер БС 95 се намалуваат за еден, односно за половина денар за литар, а дизел горивото се намалува за денар и половина, соопштија во...