fbpx

Браните пред излевање

-

Изминатата ноќ беше критична за источниот регион. Три брани, Мантово, Калиманци и Гратче, се преполни. Доколку и денеска продолжат врнежите, можно е излевање на браните, велат во Кризниот штаб.

– Браната Мантово е на горната граница. Ако продолжи ваквото време, ќе дојде до излевање, ќе се прелее водата. Во тој случај најзагрозени се две села. Сепак, не е толку алармантно бидејќи лакавичкиот регион може да ја поднесе водата, иако и Маденска Река е преполна. Да се надеваме дека и временската прогноза ќе ни оди во прилог – изјави Тоше Ѓеоргиевски од Кризниот штаб на Штип.

За разлика од Мантово, полната Калиманска брана, може да биде закана за населбите по горниот тек на реката Брегалница. Максималната кота пред излевање е 515 метри, а во текот на вчерашниот ден достигна висина од 512 метри. Браната Гратче веќе почна да прелева. Доколку продолжат врнежите, според процените на Кризниот штаб, во опасност од реката Брегалница се кочанските села Жиганци и Облешево и штипско Ново Село, каде лани во февруари водата поплави неколку десетици куќи. Брегалница на мерната точка во Ново Село ја достигна котата 220, што е за 30 помалку од максималната висина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...