fbpx

Штипската болница зависна од волонтери?

-

Четириесетина волонтери се ангажирани во штипската Клиничка болница. Меѓу нив, само двајца се доктори, кои работат за 4.500 денари месечно, како волонтерски надоместок. Ова го потврди директорот на Клиничката болница, доктор Александар Стојановски, како одговор на тврдењето на СДСМ дека болницата зависи од трудот на волонтерите, кои со години работат како волонтери.

– Болницата е толку зависна од волонтерите што ако еден ден не дојдат на работа, нема да може да функционира. Често се случува наместо вработените, волонтерите да дежураат во ноќните смени. Некои волонтираат веќе неколку години, за 4.500 денари месечно, а работат како да се вработени во болницата. Работењето со волонтерски договор го почнале со надеж дека еден ден ќе добијат редовно вработување. Но, наместо вработување, во болницата тие се експлоатирани преку договорите за волонтерство – изјави претседателот на СДСМ од Штип, д-р Владимир Милошевски.

Директорот на Клиничката болница од Штип, д-р Стојановски, вели во најголем дел волонтерите се технички лица. Негира дека болницата го злоупотребува нивниот труд поради фактот во изминатите три години, биле поделени решенија за вработување.

– Двајцата волонтери-лекари се без лиценца и тие лекари се под надзор на началниците и на нивните колеги- лекари. Оставањето на овие лекари на одделение без надзор е нон сенс, затоа што лекарите без лиценца ниту може да издаваат упати, ни лекови… Останатите волонтери се од профилот на болничари и на хигиеничари – изјави д-р Стојановски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...