fbpx

Бислимоски: Изненадување е и за мене дека ЕСМ ќе ја продава струјата за 60 евра за мегават час

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика изјави дека во текот на следната недела ќе има поконкретни информации за цената на струјата по 1 јули

-

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски изјави дека за него е „изненадување“ дека Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), почнувајќи од 1 јули, ќе ја продава струјата за 60 евра за мегават час, наспроти сегашната цена од 57 евра.

Бислимоски дополни дека е загрижен што според новиот тендер со универзалниот снабдувач на струја ЕВН, ЕСМ е задолжено да покрие само 85 отсто од количеството на струја, додека останатото количество ЕВН ќе треба да го обезбеди однадвор.

Директорот на РКЕ вели дека поконкретни информации за цената на струјата ќе има во текот на следната недела.

„РКЕ никогаш досега не дозволи да има ценовни шокови, така и сега ќе ги искористиме сите механизми кои ни стојат на располагање за да нема ценовен шок. Треба да почекаме да заврши тендерот за набавка на електрична енергија на 21 јуни и ЕВН хоум да ги достави пресметките за цената на електричната енергија на контрола во РКЕ за да видиме колкава ќе биде цената“, изјави Бислимоски.

Тој дополни дека во РКЕ прават напори да се воведе три часа евтина тарифа во текот на денот, очекувајќи дека таквата евтина струја ќе биде достапна до крајот на година или во почетокот на следната година.

Директорот на Регулаторната комисија ги отфрли шпекулациите дека поскапувањето на цената ќе доведе до поскапувањето на намирниците.

„Каква било шпекулација дека промената на цената по којашто универзалниот снабдувач ќе ги снабдува малите потрошувачи ќе влијае дополнително на поскапување на лебот е тотално неточна и претставува највулгарна шпекулација“, додаде Бислимоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Претседателката Сиљановска Давкова го прими кинескиот амбасадор, Џанг Ѕуо

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо, соопштија од претседателскиот кабинет. На средбата било констатирано дека билатералните односи меѓу двете држави се основани...