Апликацијата Challenger во „Шорткат“: Поени за секој изминат километар пешки или на велосипед

„Шорткат“ доаѓа вечерва во 19:00 часот на сите наши канали на социјалните мрежи

Во новата епизода на „Шорткат“ ве запознаваме со апликацијата Challenger, која е вистински мотиватор за пешачење и користење на велосипед. Колку повеќе километри ќе изминете пешки или на велосипед, толку повеќе поени ќе добиете и потоа ќе можете да ги искористите за попусти во одредени продавници. За тоа како функционира оваа мобилна апликација, дознаваме во денешната емисија.

Носиме вести и од образованието – информираме за неправилностите при полагањето на државната матура, како и за уписите во средно училиште.

Го најавуваме и првиот водечки меѓународен високотехнолошки самит што ќе се одржи во Скопје.

„Шорткат“ се емитува вечерва во 19:00 часот на сите наши канали на социјалните мрежи – ИнстаграмТикТокЈутјуб и Фејсбук.