Анкета: ВМРО-ДПМНЕ со предност пред СДСМ

Доколу утре има избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе добие 29,5 отсто од гласовите, додека СДСМ – 21,4 отсто. ДУИ би добила 10,2 проценти, додека ДПА – 4,3 отсто од гласовите, објави српската рејтинг-агенција „Фактор плус Адриа“.

На прашањето за кого би гласале, не сакале да одговорат 15,4 отсто од граѓаните, а неопределени се 14,9 проценти од испитаниците.

На прашањето какво е мислење имаат за Зоран Заев, 44,1 отсто од испитаниците се изјасниле позитивно, додека 38,5 отсто имаат негативно мислење. 16,8 проценти од испитаниците имале неутрален став за претседателот на СДСМ.

За Никола Груевски, пак, 47,1 отсто од граѓаните на Македонија имаат негативно мислење, позитивно мислење имаат 44,6 проценти од испитаниците, а само 8,1 отсто од граѓаните се неутрални.