Англичанец уапсен за реплика од меч од видео игра

fotografii-od-warwickshire-police

„Фан“ на серијалот игри Legend of Zelda по име Ентони Бреј кој живее во Англија во градот Нунитон, осуден е на 4 месеци затвор затоа што во јавност носел реплика од „Мајсторскиот меч“ од играта.

Должината и големината на сечивото на мечот е само 15 сантиметри и повеќе изгледало како привезок, а Бреј велел дека го користи како „фиџет“ играчка за смирување на нерви. Не станува збор за меч во ергономска адекватна големина. 

Полицијата изјави дека „Мечот бил во корица и можел да се извади со притискање на копче”. Додека Ентони Бреј додал дека буквално го купил како играчка преку интернет.

Бреј е виден прво на камери како шета со предмет со извадено сечиво, а бил уапсен кога се приближил до полициска патрола.

Бреј тврдел дека не би ја употребил репликата на „Мајсторскиот Меч” од Легендата за Зелда како вистинско оружје, ама признал дека погрешил односно станал свесен како тоа ѝ изгледало на полицијата.